Вкупен буџет: 277,200 МКД

Времетраење: 1.12.2021-30.4.2022 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Лица под социјален ризик во Општините Бутел и Чучер Сандево

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Детектирање, советување и упатување на лица под социјален ризик

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Според регистарот на Центарот за социјална работа  на ниво на Општина Бутел има околу  800 корисници под социјален ризик, дополнително околу 560 лица  се корисници на социјална парична помош. Оваа бројка е нерелевантна поради предизвиците со кои се соочуваат вработените, а тоа се недоволно службени возила, голем број предмети, мал број стручен кадар, недоволно ресурси и слично,  па со самото тоа не постои можност за континуирано ажурирање на податоците, како и  следење и увид на промените кај корисниците.

Поради тоа се наметнува потребата од увид , проверка и водење на база на податоци на корисници кои имаат вистинска потреба од помош и поддршка, односно филтрирање на најзагрозената група на граѓани на ова подрачје. Идејата е во соработка со ЦСР Скопје, односно со користење на информациите од јавен карактер, да се реализираат теренски посети на кои ќе се увиди фактичката состојба на корисниците.  Во согласност со корисниците ќе се прибираат податоци за типот на социјален ризик под кој спаѓаат. Според податоците ќе се врши селекција на лица кои се наоѓаат во висок социјален ризик и лица на кои им е потребна помош и поддршка за надминување на егзистенцијалната криза .  

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Детектирање на бројот на корисници под висок социјален ризик, охрабрување за вклучување во процес на советување и насочување и линкување.

Специфични цели:

  • Поттикнување  взаемна соработка со ЦСР Скопје;
  • Увид во статистиката на лица под социјален ризик на општинско ниво;
  • Дистинкција на лица под социјален ризик  од општина Бутел и општина Чучер Сандево;
  • Помош и поддршка при информираност и афирмација на законски промени, права и општествени сервиси;
  • Можност за индивидуално советување на лица под ризик;
  • Психо-социјална поддршка;
  • Помош и поддршка при вработување;
  • Креирање на регистер со јасна и попрецизна евиденција на корисници на социјална помош;

РЕЗУЛТАТИ

  1. Обновување на  соработка со општински центри за социјална работа.
  2. Креирање на регистер за поголем увид и прецизирање на бројот на корисници;
  3. Охрабрување за пријавување на проблем/ризик;
  4. Вклучување во редовни советувања;
  5. Изнаоѓање алтернативи за надминување актуелни состојби;

АКТИВНОСТИ

  1. Детектирање/мапирање на лицата во социјален ризик во соработка со ЦСР Скопје
  2. Советување и упатување на корисникот кој ќе мора да посети 3 советувања со семеен и системски советник и социјален работник;
  3. Нудење на алтернативи за вработување (во соработка со АВРМ )
  4. Упатување и посредување за остварување на правата од доменот на социјалната заштита;
  5. Посредување за донации и интервентна помош во вид на пакет храна и хигиена;

Веб страна