fbpx
x
Мени

Компонента 1

Поддршка, вмрежување, учење

Оваа компонента вклучува линија/ канцеларија за поддршка; национални, регионални, тематски и ад-хок форуми; фасилитација на граѓанските организации за водење кон артикулирање, планирање и подготовка на општествени акции; и менторство за организации кои сакаат да ги подобрат своите можности;

Линија за поддршка (хелпдеск)

Обезбедува информации и поддршка за целните групи и за сите продукти и услуги на програмата. Целните групи можат да контактираат на повеќе начини, како на пример преку helpdesk@civicamobilitas.mk или 02/3088-995.

Форуми

Националните, регионалните, тематските и ад хок форуми овозможуваат простор за артикулирање идеи, идентификување заеднички каузи и планирање заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации во соработка со другите организации, властите, граѓаните и останатите чинители. До крајот на програмата ќе организираат 31 форум.

Фасилитација

Го олеснува процесот на идентификување заеднички каузи и планирањето заеднички општествени акции пред сѐ во форумите. Фасилитацијата ја олеснува и соработката и овозможува споделување знаење и работни практики, како и вмрежување на заинтересираните граѓански организации од критичната маса.

Менторство

Овозможува учење и водење на институционалните грантисти во подобрувањето на своето работење и постигнувањето резултати преку план за организациски развој, преку директна работа со ментори од тимот на Цивика мобилитас, како и со низа други активности за учење.

  • Регионални форуми за соработка: Твој простор, твој глас

    Регионалните форуми на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање идеи, идентификување или дебата за заеднички каузи и планирање заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации во соработка со другите организации, граѓаните и останатите чинители.