Цивика мобилитас
Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија трета фаза започна да се спроведува од 1 јануари 2019 година и ќе трае до 31 декември 2022 година.
Општа цел
Општествените промени во Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.
Резултати
Програмата има четири резултати:
- Околината за развој на граѓанското општество е подобрена преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за граѓанското општество.
- Граѓанските организации градат силни конституенти овозможувајќи активно учество на граѓаните во граѓанските иницијативи како и во волонтерските активности.
- Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи во граѓанското општество.
- Граѓанските организации активно учествуваат во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и практики.
Целна група
Здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија според Законот за здруженија и фондации. Другите актери на граѓанското општество како што се синдикатите, стопанските комори, медиумите, научно-истражувачки установи, како и самите граѓани.
Активности
Активностите се групирани во три компоненти:
- Финансиска поддршка – Грантови;
- Учење;
- Настани.
Буџет
Буџетот изнесува 318.600.000 денари.
Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
СДЦ ги ангажираше НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска за спроведување на Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“.
За повеќе информации посетете ја: www.eda.admin.ch/sdc
NIRAS
NIRAS е данска консултантска компанија со повеќе од 1300 вработени, од нив 280 работат на развојни проекти. Градејќи се на повеќе од 40 години искуство во преку 100 земји, НИРАС нуди широк спектар на услуги и програмско менаџирање, вклучително и области како што се добро владеење, децентрализација и граѓанско општество.
За повеќе информации посетете ја: www.niras.dk
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
МЦМС е граѓанска организација основана во 1993 година која предводи и поттикнува промени во Македонија и пошироко преку нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. МЦМС веќе 25 години е значаен актер на граѓанското општество, кој води програми за институционален развој и организациско јакнење, вклучувајќи застапување за овозможувачка средина, градење на капацитетите, финансиска поддршка и истражување. Покрај тоа, МЦМС дејствува и во секторите на социјална инклузија и кохезија, добро владеење и борба против корупцијата, како и во поддршка на процесот на евроинтеграција. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 65 програми со реализирани преку 1.500 проекти во овие сектори. МЦМС во 1998 година ја доби наградата на САД и ЕУ за граѓанско општество и демократија.
За повеќе информации посетете ја: www.mcms.mk
ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска)
ФЦГ Шведска е консултантска компанија која е новото лице на досегашните ОРГУТ и СИПУ, и е дел од глобалната мрежа на Финската консултантска група, со ограноци во Европа, Азија, Африка и Пацификот. Нивната цел е да придонесат за развој на општество во кое секој има право да учествува, независно дали се работи за реформи во јавниот сектор, шумарство, водостопанство, развој на пазарот или развој на граѓанското општество.
За повеќе информации посетете ја: https://en.fcg.se
Меѓународен тим
- Свен Вејен Хиндкјаер Меѓународен програмски директор, НИРАС
- Јулија Миљевиќ Јакобсен Меѓународен програмски раководител, НИРАС
- Ана Сесили Варнилд Јоргенсен Меѓународен програмски раководител, НИРАС
- Лоте Клинте Меѓународен раководител задолжен за осигурување на квалитет и проверка, НИРАС
- Гите Кетнер Меѓународен контролор на финансии, НИРАС
- Петруш Тоинес Меѓународен лидер на тимот, НИРАС
- Сајмон Форестер Клучен експерт за фасилитација, НИРАС
- Ана Василаче Клучен експерт за менторство, СИПУ
Домашни членови, МЦМС
- Александар Кржаловски, Национален лидер на тимот
- Валентина Чичева, Национален координатор за институционални грантови
- Гонце Јаковлеска, Национален координатор за информации и комуникација
- Борис Ристовски, Соработник за интернет и нови медиуми, МЦМС
- Дарко Димов, Национален координатор за акциски грантови
- Сара Мустафа, Национален координатор за мали грантови
- Александра Сиљановска, Помлад соработник за информации и комуникации
- Милка Божиновска – Миова, Национален контролор на финансии
- Борче Јакимовски, Соработник за администрација и финансии