Цивика мобилитас објавува повик за доделување ад хок грантови [ЦМ-АДХ-02] на граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Пријави можат да поднесат граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10). Апликантите може да соработуваат со други граѓански организации.

Општа цел на повикот е да ја поддржи Република Северна Македонија во запирање на ширењето на коронавирусот и да помогне во ублажувањето на последиците од пандемијата за граѓаните, со фокус на најранливите;

Специфична цел е да се поддржат граѓанските организации да одговорат на потребите на граѓаните, со акцент на најранливите, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19 и вонредната состојба во земјата.

Предложените акции треба да придонесат кон некои од следните резултати:

  • Подобрена координација на граѓанските организации за ефективни хуманитарни и волонтерски активности;
  • Информирана јавност, а пред се специфичните целни групи за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба;
  • Обезбедена хуманитарна помош за најзагрозените на локално ниво;
  • Обезбедена правна, психолошка помош и безбедносни совети за најзагрозените групи.

Повикот се состои од Водич за апликантите, Oбразец за концепт и Прилог за буџет:

Времетраењето на една акција не може да биде подолго од три месеци.

Висината на ад хок грантот треба да биде помеѓу 50.000 и 100.000 денари. Вкупната сума која е на располагање за овој повик за предлози е 500.000 денари (со можност да се зголеми на 1.000.0000 денари).

Првиот рок за поднесување на пријави е 15 април 2020 година (среда) до 12 часот. Од сите поднесени пријави до тој рок, ќе се изберат проекти до вкупен износ од 500.000 денари од расположливиот буџет.

Пријави ќе може да се достават и по 15 април, а најдоцна до 30 април 2020 година, и тие ќе бидат тековно оценувани (како што ќе пристигнуваат).

Пријавите се доставуваат на електронската адреса: cm-adh-02@civicamobilitas.mk

Прашања и одговори