Image00086
|

Граѓаните и граѓанственоста се создаваат во училиштата и универзитетите

Што е граѓанинот и каде го бараме? Ја губиме граѓанственоста, но може ли да загубиме нешто што сме немале? Како всушност да се консолидира граѓанството? Прашања кои на трибината „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизивици“ ги отвори проф. д-р Ило Трајковски, уредник на едицијата „Социологија на граѓанственоста – една француска трилогија“. „Сите граѓански ставови заслужуваат еднаква почит и уважување“, потсетува Трајковски кој со преводот на овие дела и овозможи на македонската публика да ги запознае суштинските концепти и механизми карактеристични за социолошките теми на едноставен и достапен начин.

Амбасадор на Република Франција во Македонија, НЕ Сирил Бомгартнер, во своето поздравно обраќање се осврна на образованието како место каде што може и треба да се гради граѓанската свест, а проф. д-р Ратко Дуев, Деканот на Филозофскиот факултет потсети на граѓанственоста која овозможила пацификација на политичките навики со која било заменето насилството.   

„Демократијата ферментира во граѓанските организации, тие се училница на демократијата, но тоа не е доволно. Граѓаните треба повеќе да ги вклучиме во јавноста и одлуките во нашата земја Проблемот е што не читаме, не разговараме доволно, но овие дела ќе бидат добар поттик да се здружиме и пронајдеме повеќе решенија за сите нас“, смета проф. д-р Гордан Георгиев.

За предизвиците на институционализираната граѓанственост зборуваше проф. д-р Игор Мартинаш, автор на „Граѓанственоста: општествена врска во криза?“. Тој истакна дека нема граѓанственост доколку членовите на општеството немаат ист начин на однесување и моќ за адаптација кон промени бидејќи самото граѓанско содружништво е многу динамично. „Стручноста и компетентноста треба да се пред сé. Не смее зборот политичар, лидер да биде поважен од дипломата и образованието“, смета проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Фасцинираат бројките за содружничкиот свет во Франција во која има 1,5 милион активни здруженија или по едно на секои 43 жители. Во 2017 година, секој втор Французин членува во некое здружение, 22 милиони лица вршат волонтерска работа вложувајќи труд чиј волумен е еднаков на работното време на околу 1,4 милиони вработени со полно работно време. Гледано во целина, содржничкиот свет има вкупен буџет поголем од 113 милијарди евра и вработува 1,8 милиони лица (или околу 6% од вкупното вработено население во Франција.) За споредба, во Македонија има околу 7000 активни здруженија или по едно на секои 260 жители. На крајот на 2021 година, речиси секој трет граѓанин во Македонија е член на некое здружение, но активен е секој петти. Што се однесува до вработените, тие (вработените и оние кои повремено се ангажирани) се околу 0,7% од вкупното вработено население во Македонија.

Трибината поттикна плодна дискусија помеѓу присутните на настанот кои ја истакнаа потребата од хармонизација на односот помеѓу индивидуата и колективитетот. „Кај граѓанинот важна е индивидуалност, но граѓанскиот сектор ја потврдува моќта за солидаризација и здружување во заеднички граѓански борби за општо добро“, вели Лилјана Поповска од здружението „Зелен институт“. Образованието е клучен аспект за граѓанственоста. Граѓаните не се раѓаат тие се создаваат во училиштата, во универзитетите. Ова е долг процес кој треба што поскоро да го започнеме, сметаа присутните професори и претставници на граѓанскиот сектор.

Издавачи на публикациите се Македонски центар за меѓунардона соработка (МЦМС) како дел од програмата Цивика мобилитас и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ во Скопје.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор