Dfg

Државната поддршка на централно ниво за здруженијата во 2025 г. сконцентрирана во два сектора: социјала и култура

Во 2025 г. приходите на граѓанските организации од централниот буџет изнесувал 732.599.601 денари, или околу 11,9 милиони евра. Од нив, 724.206.126 денари се доделени преку јавен повик, додека 8.393.475 денари се доделени без јавен повик. Државното финансирање на централно ниво учествува со 8% во вкупните приходи на граѓанските организации, за ралика од 2023 г. кога уделот бил 4%. Но иако износост е двојно зголемен од пред две години, сепак е недоволен и средствата остануваат концентрирани кај секторите социјала и култура (82% од вкупните средства на централно ниво).

Гледано по буџетски корисници, убедливо најмногу средства доделило Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), вкупно 463.821.837 денари. Тоа е околу 63% од сите средства доделени од централниот буџет. Второ е Министерството за култура и туризам (МКТ) со 136.747.069 денари. За разлика од претходните години, токму МСПДМ и МКТ ги имаат зголемено своите средства, во првиот случај скоро четирикратно заради социјалните услуги. Видете повеќе подолу.

Приходи на граѓански организации од државно финансирање на централно ниво за 2025 година.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на централно ниво за 2025 година.

Највисокиот грант од централниот буџет во 2025 г. изнесува 34.232.104 денари. Го доделило Министерството за социјална политика, демографија и млади, додека истото министерство го доделило и најнискиот грант, од 5.740 денари. Меѓу највисоките грантови кај другите институции се Министерството за локална самоуправа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за култура и туризам, види повеќе подолу.

Највисок и најнизок доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2025 година.
Највисок и најнизок доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2025 година.

Во ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 г. (Службен весник 174/26), во ставката 463 – трансфери до невладини организации, планирани се 878.088.000 денари, или 14.2 милиони евра. Тоа е повеќе планирано од претходните години, но сепак дури 816.825.000 денари, или 93% од планираните средства, се наменети за МСПДМ. Министерството за култура и туризам, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија и труд иако доделуваат средства за здруженија и фондации овие средства не ги планираат во ставката 463 туку под други ставки, што го отежнува следењето на средствата и оневозможува организациите соодветно да си ги планираат своите програмски активности. Министерството за правда и Министерството за спорт имаат планирано средства, но тие се доделуваат на политички партии, спортски федерации и спортисти и тие не влегуваат во приказот бидејќи политичките партии се исклучени од ЗЗФ додека спортските организации дејноста спорт дополнително ја регулираат со Законот за спорт и следат сосема други начини на финансирање врзано со посебни критериуми за спортски успех и организирање на натревари.

MCMS
Планирани средства за граѓанските организации во Буџетот за 2026 година.

Државно финансирање на општинско ниво

Општините во 2025 г. доделиле вкупно 113.391.994 денари за граѓански организации, или околу 1,8 милиони евра. Најмногу средства се доделени во Југозападниот регион, 21.287.045 денари, и во Југоисточниот регион, 20.815.226 денари. Потоа следат Пелагонискиот регион со 16.626.238 денари, Скопскиот регион со 16.383.132 денари, Вардарскиот регион со 13.991.633 денари и Источниот регион со 10.581.690 денари. Најмалку средства се доделени во Полошкиот регион, 8.606.400 денари, и во Североисточниот регион, 5.100.630 денари.

Меѓу општините предничат Охрид со 14.221.045 денари и Битола со 12.986.800 денари. Тие заедно доделиле речиси една четвртина од сите општински средства за граѓанските организации. Самиот Охрид учествува со две третини во средствата на Југозападниот регион. Високо на листата е и Дојран, една од најмалите општини во државата, со 6.475.966 денари. По него следат Гостивар со 6.327.000, Велес со 5.687.000, Штип со 5.547.190, Гевгелија со 4.494.910 и Струмица со 4.228.200 денари. Во Скопје најмногу доделиле општините Центар (4.100.000 денари), Гази Баба (3.970.000), Аеродром (2.100.000) и Ѓорче Петров (2.019.185).

Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Полошки, Југозападен и Пелагониски регион.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Полошки, Југозападен и Пелагониски регион.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Североисточен, Источен и Југоисточен регион.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Североисточен, Источен и Југоисточен регион.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Скопски и Вардарски регион.
Приходи на граѓански организации од државно финансирање на општинско ниво за 2025 година – Скопски и Вардарски регион.

Сумарно, вкупните приходи од централно и локално ниво на државна поддршка за здруженијата за 2025 г. изнесува 845.991.595 денари или околу 13.7 милиони евра. Средствата кои се доделуваат на локално ниво (општини) учествуваат со минимален удел од 13% во вкупната доделена државна поддршка.

И оваа година како и претходните и покрај зголемувањето, државното финансирање е многу далеку од целта од 30% учество во приходите на граѓанските организации. Високата концентрација на средства кај едно министерство и постоењето на доделување средства без отчетни јавни повици покажуваат дека реформата на државното финансирање е потребна повеќе од кога било. Оваа реформа треба да внесе поголема транспарентност, отчетност и ефикасност во трошењето на јавните пари.

Истовремено, во 2025 г. беше реактивиран долго запрениот процес за измена на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ). Министерството за правда формираше работна група во која учествуваа граѓанските организации, преку мрежи и платформи и преку Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Во групата учествуваа и претставници на јавните институции и на академската заедница. Нацрт-законот беше објавен на ЕНЕР, каде што беа доставени околу 130 коментари. Предлозите беа насочени кон зајакнување на граѓанското учество, поголема транспарентност на организациите и реформа токму на рамката за финансиска поддршка на организациите со креирање на гарантен фонд. Сепак, конечниот текст на законот сè уште не е објавен, па останува нејасно кои од предлозите на граѓанското општество ќе бидат прифатени и кога ќе се донесе новиот закон.

Застапуваме за реформа во државното финансирање на граѓанските организации!

Продолжи со читање

  • Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас

    Со задоволство Ве покануваме да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев. Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница…

  • Цивика мобилитас и ПРАГГ разменија искуства и знаење од спроведувањето на програмите за поддршка на граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас се сретна со колегите од швајцарската програма „Проактивни граѓани и граѓанки“ (ПРАГГ) во Босна и Херцеговина од 15 д 19 јуни 2026 година во Сараево. Размената на искуства во поддршката на граѓанското општество во двете земји беше во фокусот на дискусиите. Посетата беше одлична можност да…

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор