[Aggregator] Downloaded image for imported item #51177

Итни промени за полесно донирање: поедноставни процедури, дигитализација и јасни даночни олеснувања

Поедноставување на процедурите, полесно користење на даночните поттикнувања и дигитализација на постапките се меѓу клучните прашања што треба да ги адресираат измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Ова беше истакнато на јавната расправа организирана од Конект и Младинската асоцијација ИМКА Битола, со поддршка на Цивика мобилитас, на која учествуваа 65 претставници на институциите, граѓанските организации, деловниот сектор и други засегнати страни.

На настанот беа претставени развојот на иницијативата за унапредување на Законот, искуствата на донаторите и организациите во неговата практична примена и предложените измени. Во дискусијата беше нагласена потребата да се создаде попредвидлива и потранспарентна средина што ќе го поттикнува донирањето во јавен интерес.

„Повеќе од петнаесет години се зборува за потребата од промени. Денес веќе знаеме што треба да се подобри. Ако граѓанин или компанија сака да донира за јавен интерес, постапката треба да биде јасна, едноставна и предвидлива. Поедноставувањето не значи помала контрола – значи подобар систем, со помалку непотребна администрација и поголема транспарентност. Сега е важно процесот да продолжи и овие решенија да се преточат во закон , изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружение „Конект“ и претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

„Измените на Законот ќе донесат придобивки за сите вклучени страни. Поедноставувањето на процедурите и отстранувањето на административните бариери ќе ги мотивираат компаниите и граѓаните повеќе да донираат, а организациите полесно да обезбедуваат средства за активности од јавен интерес. Затоа е важно овој процес да не запре и законските измени да бидат усвоени во најкус можен рок“, истакна Виктор Илиев, извршен директор на Младинската асоцијација ИМКА Битола.

Во фокусот на настанот беше и дигитализацијата на процедурите поврзани со донациите и спонзорствата, при што претставници на Управата за јавни приходи ги презентираа функционалностите на системот за е-фактура и можностите за негово користење како алатка за поефикасни, побрзи и потранспарентни административни постапки.

Кога граѓаните и компаниите сакаат да донираат за јавен интерес, регулативата треба да создава услови што го поттикнуваат донирањето и овозможуваат поефикасни и потранспарентни постапки.

Да донираш е љубов, а законот треба да помага да се помогне.

Фотографии на Томислав Георгиев

Настанот се организираше во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува Конект во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола, со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор