[Aggregator] Downloaded image for imported item #53283

„Заедно учиме, заедно растеме“ – средба на учениците

Во рамките на проектот „Заедно учиме, заедно растеме“, одобрен и финансиран од Општина Прилеп, на 10.11.2026 година се одржа првата средба меѓу учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци и ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани.

На средбата присуствуваа претставници на нашето здружение, дел од училишниот персонал и ученици од VII одделение од училиштето ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци и учениците од VII одделение од ,,Манчу Матак” Кривогаштани.

Преку креативни и едукативни активности, учениците имаа можност да се запознаат, да создаваат постери, цртежи и пораки посветени на толеранцијата, пријателството и меѓусебното почитување. Посебен акцент беше ставен на запознавањето со традициите и обичаите на македонската и турската заедница.

Средбата беше исполнета и со заеднички спортски активности, дружење и дегустација на традиционални јадења подготвени од самите ученици.

Оваа средба претставуваше прекрасна можност децата да ги препознаат сличностите, да ги почитуваат различностите и да изградат нови пријателства.

Голема благодарност до директорката Лилјана Стојкоска, директорката Ирена Трајкоска, до наставникот по ликовно Ферди Булут, како и до сите учесници за рееализацијата на настанот.

Заедно учиме да се почитуваме, заедно растеме во духот на соживотот!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор