Author: Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите од руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ

  • КУМАНОВО, 22.05.2026 ✨

    Со големо задоволство ги доделивме сертификатите на курсистките кои успешно го завршија курсот за маникир и педикир во Куманово. 💅✨ Во текот на обуката, учесничките имаа можност да стекнат нови теоретски и практични знаења, да ги усовршат своите вештини и да се запознаат со современите техники од областа на маникирот и педикирот. Со многу труд,…

  • ✨ УСПЕШНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ЗА КУРС ЗА ШМИНКА  ✨

    На 30.01.2026 година, во Скопје, со особено задоволство го одбележавме завршувањето на курсот за шминка преку свечено доделување на сертификати на учесничките кои успешно ја комплетираа обуката. Курсот започна на 29.10.2025 година и беше насочен кон стекнување практични и теоретски знаења и вештини од областа на професионалната шминка, со фокус на креативноста, техниката и самодовербата…

  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

    Инспирација во секој чекор. На 10.12.2025 година, во Општина Неготино се одржа свечен настан на кој им беа доделени сертификати на курсистките кои успешно ги завршија бесплатните обуки за шминкер како и за  маникир и педикир. Ова доделување претставува посебен момент, бидејќи Неготино е веќе седмата општина во која успешно ги реализиравме овие обуки. Со…

  •  НАСТАН ВО КОНФЕКЦИЈАТА „ГАТЕКС“ – ПРИЛЕП ВО РАМКИТЕ НА КАМПАЊАТА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

    ТИ НЕ СИ БРОЈКА, ТИ СИ ПРОМЕНА! На 1 декември 2025 година, во конфекцијата „Гатекс“ – Прилеп, успешно реализиравме едукативен и информативен настан како дел од глобалната кампања „16 дена активизам против родово базираното и семејното насилство“. Претставници од ОВР Прилеп  одржаа настанот со цел подигнување на свеста за сериозноста на родово базираното и семејното…

  • СРЕДБА СО ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО с. КАНАТЛАРЦИ

    На 30 ноември 2025 година, во с. Канатларци,  организирaвме средба со жените и младите девојки од локалната заедница. Настанот претставуваше важен дел од активностите за воспоставување дијалог помеѓу жените и локалните власти, со цел да се идентификуваат потребите и предлозите на жените за подобрување на локалната средина и економското јакнење. Средбата беше интерактивна, динамична и…

  • НАСТАН ВО КРИВОГАШТАНИ ВО РАМКИТЕ НА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

    ТИ НЕ СИ БРОЈКА, ТИ СИ ПРОМЕНА! На 28.11.2025 година во 14:30 часот, во Кривогаштани успешно реализиравме настан во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базираното и семејното насилство“. Настанот беше посветен на подигнување на јавната свест, зајакнување на заедницата и охрабрување на отворена дискусија за превенција и заштита од насилство. Особена чест…

  • ✨ ИНФОРМАТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ И МИКРОЗАЕМИ ВО НЕГОТИНО

    На 27.11.2025 година, организиравме информативен, едукативен настан посветен на можностите за микрофинансирање, микрозаеми и поддршка при развој на сопствен бизнис. Учесниците добија корисни информации за: ✔️ активните мерки за самовработување, ✔️ програмите за практична работа, ✔️ основање и развој на сопствен бизнис, ✔️ пристап до финансиски инструменти што го олеснуваат претприемништвото. Особено ни е драго…

  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО

    На 13.08.2025 година, во Општина Кичево се одржа свечен настан на кој беа доделени сертификати на жените кои успешно ја завршија обуката за маникир и педикир, како и обуката за шминкери. Беа организирани со цел да им се даде поддршка на жените во нивното професионално остварување и да им се овозможи полесен пристап до пазарот…

  • ИНФОРМИРАЈ СЕ, ИСКОРИСТИ ГО! МОЖНОСТИ ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ ВО КИЧЕВО

    На 28.07.2025, во општина Кичево, ја реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“. Целта на сесијата беше да се поттикне економското јакнење на жените преку споделување на информации за достапни ресурси и поддршка. Присутните добија корисни насоки за пристап до грантови, обуки…

  • МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПРАКТИЧНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ – ЕДУКАТИВНА И ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО ТЕТОВО

    На 12.06.2025 година, во Тетово, успешно реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“.

    Целта на сесијата беше да се доближат до жените информациите и можностите за користење на финансиски услуги и поддршка при започнување или развој на сопствен бизнис. Присутните имаа можност директно да се информираат за достапните механизми за микрофинансирање и микрозаеми, како алатки за економско зајакнување.

    Предавач на сесијата беше претставник од Агенцијата за вработување Тетово, кој сподели корисни информации и совети за можностите за самовработување, поддршката што ја нуди Агенцијата, како и начините на пристап до финансии за бизниси.

    На настанот присуствуваа жени од Тетово и околните населени места, вклучувајќи дел од нашите курсистки кои успешно ги завршија обуките што ги организиравме, како и други заинтересирани.

    Дополнително, присутните беа информирани и за можностите за вклучување во практична работа, како следен чекор во нивниот професионален развој и патот кон самостојност. Оваа информација беше особено значајна за оние кои сакаат да стекнат дополнително искуство пред да започнат сопствен бизнис.

    Сесијата предизвика голем интерес, со активна вклученост на учесничките и охрабрувачка атмосфера.

    Веруваме дека оваа активност ќе придонесе кон зголемена самодоверба, економска вклученост и охрабрување на жените во Тетово да направат храбар чекор напред кон своја економска независност и професионален развој.

    Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

    Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор