[Aggregator] Downloaded image for imported item #53070

ЈАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПЕРСПЕКТИВА ВО ПОЛИТИКИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

На 3 октомври 2026 година, во Општина Новаци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги.

На настанот присуствуваа градоначалникот г. Стевче Стевановски, како и претставници од Општина Новаци, меѓу кои координаторот за еднакви можности, раководителите на одделенијата за финансиски прашања, комунални дејности, сообраќај, урбанизам и заштита на животната средина, како и раководителите за човечки ресурси и за правни, општи и јавни дејности. Присутни беа и граѓани од Општина Новаци.

Преку дискусија и размена на мислења, се разговараше за различните потреби на жените и мажите, родово одговорното планирање и можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на јавните комунални услуги.

Посебен акцент беше ставен на значењето на вклучувањето на родовата перспектива во локалните политики и програми, како и на унапредувањето на соработката меѓу институциите и граѓаните.

Им благодариме на градоначалникот, претставниците и на сите граѓани за присуството, активното учество и придонесот во дискусијата.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор