[Aggregator] Downloaded image for imported item #53072

Еко Логик и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

На 17 ноември 2026 година, Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за долгорочно партнерство во областа на образованието, истражувањето, одржливиот развој и заедничкото учество во национални и меѓународни проекти.

Целта на ова партнерство е да се поврзат академското знаење, научноистражувачката работа и практичното искуство на граѓанскиот сектор, со цел развивање современи образовни пристапи, нови методологии и иницијативи кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на образованието.

Соработката ќе биде насочена кон подготовка и реализација на заеднички проекти во рамките на европските програми, како што се Erasmus+, Horizon Europe и други релевантни фондови, но и кон развивање локални иницијативи кои одговараат на реалните потреби на образовните институции, наставниците, учениците и пошироката заедница.

Посебен акцент ќе биде ставен на еколошкото образование, одржливиот развој, инклузивните и иновативните образовни практики, неформалното образование и примената на интерактивни методологии во наставниот процес.

Една од важните цели на соработката е активно вклучување на професорите и студентите на Педагошкиот факултет во заеднички активности, преку истражувања, практична работа, обуки, работилници, тестирање образовни алатки и развој на нови едукативни содржини. На овој начин, студентите ќе имаат можност да стекнуваат практични искуства и да учествуваат во проекти со конкретна примена во образованието и заедницата.

За Еко Логик, кое повеќе од една деценија активно работи на развој и имплементација на образовни и еколошки проекти, ова партнерство претставува можност за дополнително зајакнување на соработката со академската заедница и заедничко создавање решенија кои ги поврзуваат образованието, науката и практиката.

Со потпишувањето на Меморандумот, двете страни ја потврдуваат својата заедничка заложба за развој на квалитетно, инклузивно и современо образование, отворајќи простор за нови партнерства, размена на знаења и реализација на иницијативи со долгорочно позитивно влијание врз образовниот систем и општеството.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор