Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]

Пријави можат да поднесат:

  1. граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
  2. непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
  3. формално регистрираните мрежи, коалиции, сојузи или платформи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); сочинети од најмалку три (3) активни организации.

Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Партнерот треба да исполнува една од погоре наведените категории. Медиумите може да се пријават како партнери на овој повик.

Овој критериум за подобност не се однесува и за формално регистрираните мрежи, коалиции, сојузи или платформи сочинети од најмалку три (3) активни организации. Тие се подобни за пријавување без партнери – организациите од листатата на сопственици ќе се сметаат за партнери.

Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта) на следната адреса: aplikacija@civicamobilitas.mk

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас. Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 18 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 2.500.000 и 3.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 18.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – или во улога на апликант или на партнер.

Пријавите мора да се поднесат преку електронска пошта со назнака: „Повик за акциски грантови реф. бр. ЦМ-АКТ-06“ на следната адреса: aplikacija@civicamobilitas.mk

Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2021 г. до 14 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака.

Цивика мобилитас нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доста-вените апликации.

Пријавите мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи во соодветен формат (word/excel и во PDF каде што е применливо) и нема да надминува 20MB:

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 22 февруари 2021 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-06).

Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Информативна сесија: 16 февруари 2021 г. 11:00 часот

https://us02web.zoom.us/j/89484408357?pwd=Nnk4WURSK2ZJVUl3ZHZHeTExQmpDZz09
Passcode: 509288

Цивика мобилитас ќе одржи најмалку една онлајн информативна сесија за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас, како и страницата на Фејсбук и информирајте се за евентуалните промени.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози4 февруари 2021 г.
Информативна сесија16 февруари 2021 г. 11:00 часот
Краен рок за поднесување на пријави3 март 2021 г., 14.00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантовиМарт 2021 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријавиМарт 2021 г.
Преговори и потпишување договориАприл 2021 г.