fbpx
x
Мени

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИ АНГАЖМАН ЦМ-ГГА

Цивика мобилитас објавува повик за доделување грантови за граѓански ангажман [ЦМ-ГГА]

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно-истражувачка дејност.

Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ДВА партнери. Партнерите треба да бидат регистрирани како една од погоре наведените категории. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога (било како носител или како партнер).

Аплицирање

Носителот и партнерите мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Откако ќе се регистрираат, само НОСИТЕЛОТ треба да ги внесе информациите поврзани со пријавата односно, да се регистрира на овој повик за предлози. НОСИТЕЛОТ мора да ги додаде партнерските организации (со внесување на нивните единствени матични броеви) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при нивната регистрација на платформата).

Процесот за аплицирање е целосно он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози Word). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави.

Имајте предвид дека он-лајн пополнувањето на пријавата ќе биде овозможено од почетокот на март 2024 година. Затоа, редовно проверувајте ја платформата www.grants.mk – секција: отворени повици.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на е ставен на активното вклучување на граѓаните во планирањето и во спроведувањето на проектите. Предложените активности треба да придонесат за зголемување на знаењето и довербата во граѓанското општество. Тие треба да водат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во Водичот за апликанти.

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 24 и 28 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 5.600.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер. Организациите кои се дел од конзорциум кој добил грант во претходниот повик на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ Партнерски грантови), не можат да се пријават на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 12 април 2024 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави.

Прашања и одговори

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 2 април 2024 г., до 13:00 ч. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ГГА. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Прелиминарна временска рамка

Отворање на повикот за предлози12 февруари 2024 г.
Информативни средби (8)март 2024 г. 
Краен рок за поднесување на пријави12 април 2024 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантовиаприл/мај 2024 г.
Известување на избраните и одбиените апликантимај/јуни 2024 г.
Потпишување договоријуни 2024 г.

Cm Gga