ОПШТИНА МОГИЛА – ЗАЕДНИЧКИ ДИЈАЛОГ ЗА РОДОВО ЕДНАКВИ И ДОСТАПНИ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ
На 20 ноември 2026 година, во Општина Могила се одржа средба посветена на унапредување на јавните комунални услуги преку интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и програми.
На настанот присуствуваа претставници од Општина Могила, како и граѓани, кои имаа можност да ги споделат своите мислења и искуства во врска со јавните комунални услуги.

Во текот на активноста се разговараше за тоа како јавните комунални услуги влијаат врз секојдневниот живот на жените и мажите и зошто е важно нивните потреби да бидат земени предвид при донесувањето одлуки. Беа разгледани и можностите за подобро планирање на услугите, поголема пристапност и поефикасно користење на расположливите ресурси.
Преку размена на ставови и предлози, се истакна значењето на соработката меѓу локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија и граѓаните во создавањето услуги кои одговараат на потребите на целата заедница.
Ваквите активности претставуваат важен чекор кон поттикнување на родово одговорно локално управување и поголемо учество на граѓаните во креирањето политики што го подобруваат квалитетот на нивниот секојдневен живот.
Им благодариме на претставниците на Општина Могила и на сите граѓани за присуството, споделените идеи и активното учество во дискусијата.
Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53185](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/viber_image_2026-11-20_21-55-28-473-1024x660-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53246](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/1920×1080@1x1-1120x630-1-768x432.png)




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53219](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/Screenshot-2026-11-24-at-4.40.51-PM-768x424.jpg)