Screenshot 2026 11 25

Недела ќе остане неработен ден: нема враќање назад во работничките права

Гласен текстилец најостро ја осудува изјавата на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, со која се отвора можноста недела повторно да стане работен ден. Ваквите изјави се директен удар врз стекнатите работнички права и обид за враќање кон практиките на експлоатација на работниците.

Право извојувано со борба

Како едни од иницијаторите за законското решение со кое недела стана ден за неделен одмор, потсетуваме дека ова право не беше подарено од ниту една влада. Тоа беше резултат на долгогодишна борба, истражувања, сведоштва на работници и притисок од граѓанскиот и синдикалниот сектор.

Тезата за „попречено стопанство” е неоснована

Постојното законско решение и онака предвидува бројни исклучоци за дејности во кои работниот процес бара континуитет, како и можност за работа на трговските објекти во туристичките места. Оттука, тврдењето дека недела како неработен ден го оневозможува функционирањето на стопанството е неосновано.

Кој ќе ја плаќа работата во недела?

Особено загрижува аргументот дека на работниците им се ускратува можноста да заработат повеќе преку работа во недела. Се прашуваме во која реалност живее заменик-министерот и дали е запознаен со состојбите во приватниот сектор во Македонија.

Токму поради непостоењето веродостојна евиденција на работното време, манипулациите со одработените часови, неплатената прекувремена работа и неисплаќањето на законски предвидените додатоци за работа на празник, Гласен текстилец беше меѓу иницијаторите за воведување на ова законско решение. Од долгогодишната теренска работа и секојдневната комуникација со работниците, сведочиме дека овие прекршувања се масовна појава во приватниот сектор.

Ако работодавачите не ги плаќаат ниту прекувремените часови, ниту работата на државен празник, врз основа на што заменик-министерот гарантира дека ќе ја плаќаат работата во недела?

Каков „слободен избор” имаат работниците?

За каков слободен избор на работниците зборуваме во услови на економска зависност, ниски плати, притисоци од работодавачите и страв од губење на работното место? Дали работникот навистина ќе има право да одбие да работи во недела без да трпи последици?

Што очекуваме од Министерството

Наместо Министерството за економија и труд да се занимава со укинување на стекнатите работнички права, очекуваме да се занимава со:

  • обезбедување достоинствени плати,
  • задолжителна и веродостојна електронска евиденција на работното време,
  • зајакнување на инспекциските механизми,
  • санкционирање на работодавачите кои ги прекршуваат законите.

Доколку навистина постои грижа за економската благосостојба на работниците, зголемете ги нивните плати, наместо да им го одземате единствениот заеднички ден за одмор со нивните семејства. Работниците треба да можат достоинствено да живеат од својата редовна плата, а не да бидат принудени да се откажат од одморот за да обезбедат основна егзистенција.

Работничките права не смеат да бидат предмет на пазарење со стопанските комори. Економскиот развој не смее да се темели на евтина работна сила, неплатен труд и жртвување на приватниот и семејниот живот на работниците.

Порака до јавноста

Гласен текстилец јавно и недвосмислено порачува дека нема да дозволи уназадување на ова стекнато работничко право. Доколку се пристапи кон законски измени со кои недела повторно би станала редовен работен ден, ќе ги повикаме работниците, синдикатите, граѓанските организации и пошироката јавност на масовни протести, мирна граѓанска непослушност и организиран отпор.

Недела ќе остане неработен ден! За ова право се изборивме и повторно ќе се бориме за неговото зачувување! Работниците не се машини. Нивното достоинство, здравје и право на одмор не се предмет на преговори.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • „Мажи во црно“ во потрага по должници на брзи кредити

    24.11.2026 Без никаква законска основа, „истерувачи на долгови“ одат од врата на врата кај граѓани за да ги наплатат брзите кредити кои ги зеле. Се користат заплашувања и закани. И покрај политичките ветувања на актуелната влада засега нема ништо од најавената суштинска законска реформа што ќе обезбеди подобра заштита на граѓаните при земањето брзи кредити. […]
    Read More… from „Мажи во црно“ во потрага по должници на брзи кредити
    The post „Мажи во црно“ во потрага по должници на брзи кредити appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Речиси една година без национална антикорупциска стратегија Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно усвојување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) изразува сериозна загриженост поради одолговлекувањето на собраниската постапка за усвојување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030, заедно со Акциониот план за нејзино спроведување. Речиси една година по истекот на претходната Стратегија за периодот 2021-2025 година, Собранието сѐ уште нема усвоено […]

  • ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПРЕСПЕКТИВА ВО ЛОКАЛНИТЕ КОМУНАЛНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВНИ УСЛУГИ

    На 16 ноември 2026 година, во понеделник, во салата на Општина Кавадарци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги. На настанот присуствуваа претставници на општината и граѓани, кои преку дискусија и размена на мислења разговараа за различните потреби на жените и мажите…

  • Да стигнеме таму каде што сме најпотребни: донирајте за теренско ПП возило ТАМ 110

    Помогнете да набавиме второ теренско ПП возило ТАМ 110 со погон 4×4. Потребни се 7.100 евра за возилото од ПГД Повир, Словенија. Секоја донација значи поголема подготвеност за заедницата.

  • Донација на компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад

    На 20.11.2026 година, во ООУ „Страшо Пинџур “ во рамките на проектот  „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ беше дониран компостер и дробилка во ООУ „Страшо Пинџур “- Ѓорче Петров од страна на ЦЕД Флорозон кои ќе бидат користени од страна на училиштето за намалување на градинарскиот отпад и за добивање на компост.
    Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање кој како компост беше употребен за разубавување на цветните леи и училишниот двор.
    Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!
    Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија,
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)
     

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор