[Aggregator] Downloaded image for imported item #53281

Пријателството продолжува – заедничка средба во с. Канатларци

На 25.11.2026 година, во ООУ „Кирил и Методиј“ во с. Канатларци, се одржа втората средба во рамките на проектот „Заедно учиме, заедно растеме“, одобрен и финансиран од Општина Прилеп.

На средбата присуствуваа претставници на нашето здружение, дел од училишниот персонал и ученици од VII одделение од ООУ „Манчу Матак“ од  Кривогаштани и учениците од ООУ ,,Кирил и Методиј” с. Канатларци.

По претходната средба во Кривогаштани, учениците повторно имаа можност да се дружат, да ги зацврстат новосоздадените пријателства и да продолжат да градат позитивни односи засновани на меѓусебно почитување и разбирање.

Посебен дел од посетата беше присуството на училишниот панаѓур за здрава храна, каде учениците имаа можност да се запознаат со различни здрави прехранбени производи и да ја споделат радоста од заедничките активности.

Со оваа средба успешно се заокружија двете планирани дружења, кои придонесоа за поврзување на децата  и за поттикнување односно зацврстување на соживотот уште од најрана возраст.

Голема благодарност до директорката Лилјана Стојкоска, директорката Ирена Трајкоска, до наставникот по ликовно Ферди Булут, како и до сите учесници за рееализацијата на настанот.

Различни култури, едно пријателство – заедно учиме, заедно растеме!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор