Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас
Со задоволство Ве покануваме да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев.
Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница и бројните граѓански организации ќе имаат можност и оваа година да се претстават пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и резултатите што ги остваруваат во проектите и програмите. Покрај ова, очекувајте од граѓанските организации да се претстават со голем број активности, како на пример квизови, интерактивни работилници, игри за млади, изложби, дебати, презентации и сл. проследени со музичка програма.
Годинава, во исто време и место со Фестивалот на Цивика мобилитас, ќе се одвива уште еден настан организиран од Слоу Фуд Водно (Slow Food Vodno), каде ќе може да ги поддржите локалните производители преку дегустација и купување на вкусна, здрава и одржлива храна.
„Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата. На фестивалот ќе можете одблиску да се запознаете со граѓанските организациии, да поразговарате со нив и да се приклучите кон нивните активности.
Facebook Event
Што ве очекува?


Музичката програма на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ ќе ја отвори бендот The Ringtones. Настапот започнува во 12:15 ч., во Градскиот парк, кај фонтаната „Лотос“.
Убавата музика во живо ќе биде совршена придружба за разговорите, работилниците и запознавањето со организациите што ќе се претстават на фестивалот. Втората половина од музичката програма е во знакот на електронската музика. Веднаш по настапот на бендот, ќе следи и настап на DJ UX (Андреја Јовановски).
Влезот на фестивалот е слободен и отворен за сите!
Претходни фестивали
2022 – Над 110 здруженија и социјални претпријатија се обединија за посилно општество
2021 – „30 години граѓански активизам“ – за подобро општество за сите
2020 – Фестивалот на граѓанските организации во знакот на борбата со КОВИД-19








