[Aggregator] Downloaded image for imported item #51391

Гласот на граѓаните во Собранието: гледишта на граѓаните од Националната дебатна анкета за улогата на Собранието процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Нашиот најнов документ за политики, “Гласот на граѓаните во Собранието: гледишта на граѓаните од Националната дебатна анкета за улогата на Собранието процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ”, ги истакнува клучните препораки од петата Национална дебатна анкета во Северна Македонија!

Дебатната анкета покажа дека граѓаните се подготвени и способни да се занимаваат со сложени прашања поврзани со процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ кога им се обезбедени избалансирани информации, можности за дискусија и директна интеракција со експерти и оние што носат одлуки. Препораките од докоументот за политики посочуваат на тоа:

Јакнење на вклученоста на граѓаните: Формирање граѓански панели и дебатни форуми со јасни собраниски процедури и разгледување најсоодветната процедурална основа за вградување на вакви механизми во својата редовна работа.Засилен собраниски надзор и јавни дебати: Собранието треба попроактивно да информира за своите надзорни активности, особено во однос на следењето на реформите поврзани со пристапувањето. Поголемата видливост на работата на комисиите, јавните расправи и механизмите за надзор може да го подобри јавното разбирање за улогата на Собранието во процесот на пристапување. Интерактивен дијалог преку НКИЕ и КЕП: Организирање структурирани дискусии на тркалезни маси со пратеници, граѓани и експерти за реформските приоритети.Промовирање на конструктивен меѓупартиски консензус: Собранието треба да обезбеди простор за суштински меѓупартиски дијалог за реформите поврзани со пристапувањето, особено преку Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања и други релевантни собраниски работни тела.
Појасна и подостапна комуникација: Подобрена комуникација од страна на Министерството за европски прашања, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Собранието за тоа како се носат одлуките и како ЕУ реформите влијаат врз граѓаните.

The post Гласот на граѓаните во Собранието: гледишта на граѓаните од Националната дебатна анкета за улогата на Собранието процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ appeared first on EPI.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за европска политика (ЕПИ)

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор