Svetla Idnina Fotografija

Граѓаните и претставниците на локалните власти дискутираа за проблемите со животната средина на ромската заедница во Кочани

„Меѓу другото, мора да се работи на јакнење на свеста на граѓаните во заедницата, и тоа да биде системски и планирано, прво да се направи нешто, па да се чува“, вели Ајсер Мемедова, млада активистка од Кочани и учесничка на јавната трибина на која се зборуваше за квалитетот на услугите кои ги добива ромската заедница во овој град.

На трибината која се одржа на 17 јануари 2023 година во просториите на Општина Кочани, беа презентирани резултатите од анкетата направена меѓу ромското население. Половина од анкетираните граѓани (52%) велат дека во нивното маало нема задоволителни услови за живеење, при што мнозинство од испитаниците (60%) велат дека тие и нивните деца чувствуваат и здравствени последици од загадувањето на околината. Граѓаните се самокритични и се препознаваат меѓу виновниците за загадувањето на животната средина. На листата тие се на второ место, веднаш зад Јавното комунално претпријатие „Водовод“ за кое голем дел од анкетираните сметаат дека нередовно го чисти сметот. И покрај оваа свесност, загрижуваат одговорите на прашањето „Дали вие го фрлате вашиот домашен отпад или градежен шут на јавните меса и ја загадувате животната средина?“. Ист број граѓани одговориле со „да“ и со „не“ (21%), вкупно 35% тоа го прават понекогаш, додека 23% рекле дека тоа го права само кога мораат.

Вкупно 34 учесници, меѓу кои заинтересирани граѓани, претставници на граѓански организации но и  директорот на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, раководители од различни сектори поврзани со комунална хигиена, службеници од Општина Кочани кои работата на заштитата на животната средина, општинските инспектори за комунални работи и тимот на општински комунални редари, дискутираа за овие резултати и за препораките од извештајот. Дискусијата треба да биде потсетување за локалните власти за исполнување на предизборните ветувања кон граѓаните, а извештајот да овозможи подобро планирање на активностите за заштита на животната средина.

„Овие активности се добри бидејќи ни овозможуваат јавно да зборуваме за нашите проблеми во заедницата.Животната средина е сериозно загрозена, условите за живот се лоши, а институциите недоволно посветуваат внимание за решавање на ситуацијата“, вели Џесијан Зурапов, граѓанин на Кочани, и додава дека ја искористил можноста да ги праша претставниците од комуналното претпријатие и од Општината кога ќе преземат активности за подобрување на состојбата.

Учесниците се согласија дека оваа е сериозен и добар почеток за соработка и идентификување на проблемите во заедницата.

Анкетата е спроведена во периодот од 15 до 20 декември 2022 година и опфати 200 жители на Кочани, од ромската заедница. Анкетата и трибината се дел од проектот „Иницијатива за подобри услови и подобра животна средина во ромската заедница во Општина Кочани” што го спроведува Центарот за развој на заедницата „Светла Иднина“ од Кочани.   

Сите активностите се овозможени со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор