Hera novo logo final mk scaled

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ВЕРУВА ВО ДЕМОКРАТИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА?

ХЕРА Млади: Нашата иднина нема да ја избере алгоритам – ќе ја изградиме ние

По повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, ХЕРА Млади потсетува дека демократијата не е само изборен ден или институција. Таа има смисла кога ја чувствуваме во секојдневниот живот – кога можеме слободно да зборуваме, да учествуваме во одлуките што нè засегаат и да бараме одговорност и промени.

Во видеото што го објавуваме по повод Меѓународниот ден на демократијата, младите од ХЕРА зборуваат за тоа што значи демократијата денес и како современиот начин на информирање и комуникација влијае врз нашите ставови, односи и учество во општеството.

Сè поголем дел од јавниот живот се одвива во дигиталниот простор, каде алгоритмите влијаат врз тоа што гледаме, што читаме, со кого комуницираме и кому му веруваме. Наместо да нè поврзуваат, тие можат да нè затворат во паралелни светови и да ги продлабочат поделбите.

„Денеска демократијата е под опасност од таканаречената алгоритмократија. Во алгоритмократијата власта не припаѓа веќе кај луѓето, туку средината е уредена од алгоритмите“, вели Виктор Бучковски од ХЕРА Млади.

Демократијата бара нешто сосема спротивно – средба, разговор, различни идеи и можност луѓето заедно да носат одлуки. А тоа започнува од секојдневното учество на младите.

„Денес демократија значи да може да дадете критика, пофалба или едноставно да кажете нешто и тоа да биде слушнато, разбрано и дејствувано“, вели Ема Мицевска.

Затоа младинското учество не смее да биде формалност. Младите треба да бидат вклучени уште од почетокот во креирањето на законите, политиките и буџетите што го определуваат нивниот живот. Демократијата се мери и преку квалитетно образование, достоинствена работа, достапно домување, чист воздух и грижа за менталното и физичкото здравје.

Од институциите бараме повеќе простор за суштинско младинско учество, образование што развива критичко мислење и медиумска и дигитална писменост, отпорност кон дезинформации и услови младите достоинствено да живеат и да ја гледаат својата иднина тука.

Како што порачува Виктор во видеото: „Задачата на нашата генерација е да создаде можности за среќавање и простор во кој ќе можеме заедно да градиме подобро општество – обединети, а не како во алгоритмите, секој на своја страна разединети.“

Ние не сме публика, кликови или податоци. Ние сме граѓани и двигатели на промените.

Нашата иднина нема да ја избере алгоритам. Ќе ја изградиме ние.

ХЕРА Млади

Линк до видеото на ХЕРА Млади по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата: https://www.youtube.com/watch?v=f3G8rkZ0M58

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор