Skrining vizual

Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската Унија, институционалните слабости и реформите што треба да ги спроведе на патот кон членство.

Скринингот, сепак, не смее да остане архива на една завршена фаза од пристапниот процес. Неговата вистинска вредност е во препораките што треба да ги насочуваат реформите и подготовката за членство. Политичките пречки за отворање на преговарачките кластери не ја спречуваат државата да работи на најголем дел од идентификуваните слабости. Напротив, периодот до продолжувањето на преговорите треба да се искористи за забрзување на реформите и зголемување на подготвеноста на институциите.

Оттука сметаме дека е важно да се превземат следните чекори:

  • Министерството за европски прашања (МЕП)треба да ги направи сите шест извештаи лесно достапни на едно место, заедно со нивните главни наоди и препораки на македонски јазик. Иако Европската комисија ги има објавено извештаите за сите шест кластери, на веб-страницата на Министерството за европски прашања, во делот посветен на скрининг-извештаите, сè уште е достапен само извештајот за Кластер 1 „Темели“.
  • Потребен е јасен механизам преку кој препораките од скринингот ќе се претворат во конкретни задачи. За секоја област треба да биде јасно што треба да се направи, која институција е одговорна, во кој рок и колкав е напредокот. Ваквата матрица треба да биде јавно достапна и редовно ажурирана, а Владата периодично да известува за нејзиното спроведување. Собранието и Националниот совет за европски интеграции, пак, треба поактивно да ги користат скрининг-извештаите за следење на подготвеноста на државата по одделни кластери и области.
  • Препораките од скринингот треба системски да се поврзат со Реформската агенда 2024–2027, Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и препораките од годишните извештаи на Европската комисија. Реформската агенда и Планот за раст се значајни инструменти за забрзување на конкретни реформи и постепена интеграција во Единствениот пазар, но не се замена за целокупната подготовка за членство. Наместо повеќе паралелни административни процеси, потребна е единствена оперативна рамка што ќе покаже како обврските се надополнуваат, каде се преклопуваат и каде остануваат празнини.
  • Паралелно со реформите, потребно е целосно операционализирање на преговарачката структура. Иако Владата во 2024 година воспостави нова институционална рамка за водење на пристапните преговори, јавноста сè уште нема јасна слика дали и во која мера преговарачките тела и работните групи по кластери и поглавја се целосно екипирани и функционални. МЕП треба да обезбеди транспарентни информации за тоа кои тела и работни групи се формирани, нивниот состав и задачите што ги извршуваат. Функционалните преговарачки структури бараат и зајакнати административни капацитети. Покрај доволен број вработени во Министерството за европски прашања и другите надлежни институции, клучно е да се задржи веќе обучениот кадар. Затоа се потребни соодветни финансиски и кариерни стимулации за вработените вклучени во пристапниот процес, поврзани со нивните задачи и одговорности.
  • Овие структури не треба да чекаат да се создадат политички услови за отворање на кластерите. Тие треба да работат сега. да ги анализираат наодите од скринингот, да ги следат промените во правото на ЕУ, да ги идентификуваат областите во кои ќе бидат потребни значителни финансиски и институционални приспособувања или преодни периоди и да ги подготвуваат идните преговарачки позиции. Периодот на политички застој треба да се искористи за градење експертиза и институционална меморија, наместо преговарачкиот капацитет да се создава откако преговорите повторно ќе се придвижат.

 

Скринингот веќе покажа каде сме и што треба да направиме. Следниот чекор е таа дијагноза да се претвори во јавна, мерлива и одговорна програма за работа дома, придружена уште позасилено и поактивно присуство и застапување на македонските интереси во Брисел и во земјите членки.

 

The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор