Mzmp

МЗМП учествуваше на јавната расправа за измените на членот 123-а од Законот за семејството

На 17 ноември 2026 година Комисијата за социјална политика, демографија и млади одржа јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, со кој се уредува пристапот до податоците за посвојувањето. Македонското здружение на млади правници учествуваше на расправата.

Измените доаѓаат по пресудата Митревска против Северна Македонија, во која на 14 мај 2024 година Европскиот суд за човекови права едногласно утврди повреда на правото на приватен и семеен живот. Предметот го покрена МЗМП.

Го поддржуваме донесувањето на законот. Нашата забелешка е дека текстот во поднесената форма не гарантира дека барање исто како во тој предмет денес би било решено поинаку.

Денес до Комисијата доставивме писмен поднесок со дванаесет формулации во амандманска форма и образложение за секоја од нив. Три се суштински за извршувањето на пресудата:

  • законот сам да го утврди минимумот податоци што посвоеникот ги добива во секој случај, со право на препис;
  • критериумите за одлучување да бидат во законот, а не во правилник;
  • образложено решение, со рок и право на жалба.

Останатите се однесуваат на правата на малолетниот посвоеник, на крвните сродници, на изјаснувањето на биолошкиот родител и на примената на законот врз веќе засновани посвојувања.

Не бараме одложување на постапката. Одредба што нема да биде изменета во ова читање не може да се менува подоцна.

Поднесокот е достапен тука: [линк до документот]

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор