[Aggregator] Downloaded image for imported item #50677

Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство. Инсталацијата, која е во облик на вистинска болничка чекална со шалтер и столчиња, го привлече вниманието на случајните минувачи, кои љубопитно ги читаа испишаните пораки, а дел од нив седнаа да „почекаат“ здравствена услуга.

На чекалната се испишани сатирични фрази кои ги одразуваат клучните проблеми во здравството, како и главните наоди и сведоштва на граѓани од истражувањето „Снаоѓање или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем“. Герила акцијата ја спроведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.

„Целта на оваа активност е на креативен и необичен начин да го свртиме вниманието на јавноста и на надлежните институции кон еден проблем кој е длабоко вкоренет во македонското здравство и со кој секојдневно се соочуваат илјадници граѓани. Корупцијата во здравството ги нарушува основните човекови права, создава нееднаков третман за пациентите и ги поткопува темелите на јавното здравство. Се надеваме дека пораките испишани на оваа чекална за подобро здравство ќе ги охрабрат граѓаните, но и здравствените работници, да ја пријавуваат корупцијата, а во исто време ќе бидат поттик за надлежните институции порешително да се справуваат со овој сериозен проблем“, изјави Дарко Антиќ од Здружението ЕСЕ.

Покрај чекалната се поставени и две големи скулптурални форми кои ги претставуваат различните облици на корупција во здравството. Едната е коверт од кој излегуваат банкноти, како директна асоцијација на паричниот поткуп. Втората е големо пакување кафе, брендирано како „Кафе Врска“, кое на сатиричен начин алудира на ситните подароци како симбол на секојдневната корупција, особено во пониските нивоа на здравствениот систем.

Според истражувањето на Здружението ЕСЕ, давањето пари или подароци е најчеста форма на корупција во македонското јавно здравство. При тоа, во најголем дел од случаите мито се дава за болнички кревет или операција без чекање, како и за термин „преку ред“ кај доктор специјалист.

„Нашето истражување покажа дека жените, особено оние од ранливите категории, се поизложени на корупција во здравството. Еден од податоците кој го потврдува ова е дека една четвртина од испитаничките рекле дека имале коруптивно искуство при користење гинеколошко – акушерска здравствена заштита“, вели Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на Здружение ЕСЕ.

Денешната герила акција не е насочена против здравствените работници туку против системските недостатоци и коруптивните практики кои наштетуваат на имиџот на оваа благородна професија. Токму затоа, во рамки на инсталацијата е содржана и порака на благодарност до илјадниците здравствени работници кои секојдневно работат посветено и пожртвувано за доброто на пациентите.

Здружението ЕСЕ го спроведува проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ со финансиска поддршка од Expertise France преку Agence française de développement.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор