Совршена бура: Прехранбената и енергетската несигурност ги загрозува економиите на Западен Балкан
Главната цел на проектот е да генерира докази и да поттикне дијалог на политиките за прехранбената и енергетската несигурност во економиите на Западен Балкан, релевантни за четири клучни фронтови: егзистенција на домаќинствата, конкурентност на фирмите, фискален простор и регионална интеграција.
Специфичните цели вклучуваат:
- Да се ангажира и да се зајакне мрежата WEBecon во однос на националните и регионалните процеси на креирање политики за политиките поврзани со храна и енергија, преку генерирање докази за ефектите од кризата врз економиите на ЗБ и регионалната интеграција,
- Да се зајакне политичкиот дијалог и соработката за безбедноста на снабдувањето со енергија и храна, преку создавање простор за широки консултации и вмрежување на засегнатите страни на регионално ниво,
- Да се зголеми јавната свест за важноста, последиците и решенијата за кризата со храна и енергија, вклучително и преку регионални пристапи.
Донатор: SMART Balkans Project
Времетраење: јануари 2023 – јануари 2025 година







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53070](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/viber_image_2026-11-03_12-35-55-937-726x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53072](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/IMG_3882-scaled-1-768x576.jpg)