Img 7584 scaled

ХЕРА со ОБСЕ И ДИК на Швајцарската „Програма за изборна поддршка” : Родовите дезинформации се закана за учеството на жените во изборите и за нивниот кредибилитет 

Бројките од истражувањата покажуваат дека жените и мажите немаат ист пристап до институциите и во политиката, особено ако тоа се позиции кои одлучуваат или дефинираат политики. На локалните избори во 2025 година, само 4 од вкупно 81 градоначалничка функција ги извршуваат жени. Во Владата формирана во 2024 година, само 3 од 20 ресорни министри се жени. Сличен јаз постои и во образованието: иако жените сочинуваат 58,6 проценти од кадарот во средното образование, само 10,8 проценти од позициите кои имаат моќ за одлука како што се директорските, ги заземаат жени.

Истовремено, со растот на употребата на нерегулираните социјални мрежи, жените на изборите, во јавниот живот и политиката сè почесто се изложени на сексистичко таргетирање, кампањи и наративи кои ги претставуваат како носителки на „странски вредности“ или „западно влијание“. Ваквото таргерирање со родови дезинформации не се изолирани лични напади, туку дел од пошироки стратегии што ги користат родовите прашања за продлабочување на поделбите, поткопување на довербата во институциите и ограничување на демократското учество.

„Јавната дебата за една кандидатка или носителка на јавна функција се сведува на нејзиниот изглед, морал или наводна лојалност, наместо за нејзините ставови и работа. Така се зголемува цената што жените ја плаќаат за влез и останување во политиката, се стеснува изборот на граѓаните и се поткопува довербата во изборниот процес. Затоа родовите дезинформации мора да ги третираме како прашање на демократска отпорност и изборен интегритет“, истакна Драгана Каровска Чемерска, претставничка на ХЕРА.

Неодамнешното повлекување на наставната програма и изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование од страна на Министерството за образование и наука дополнително ја покажува потребата институциите да развијат отпорност кон организирани притисоци со дезинформациски наративи, и тие да носат самостојни и одговорни одлуки врз основа на докази, стручност, човекови права и јавен интерес.  Дополнително, треба да располагаат со механизми кои ќе ја испитаат можната поврзаност со пошироки операции за штетни домашни и странски влијанија.

ХЕРА укажува дека родовата димензија треба да стане составен дел од процената на ризиците за изборниот процес. Потребни се методологија за следење на родовите дезинформации кои го опфаќаат целиот изборен циклус а не само периодот на кампања. Потребни се зајакнати капацитети на надзорните тела и навремена заштита на кандидатките и носителките на јавни функции од координирани напади и кампањи.

Институциите, медиумите, граѓанското општество и меѓународните партнери треба да воспостават усогласен механизам за препознавање, упатување и реагирање на ваквите ризици. Следењето треба да ги опфати и нивните можни последици: повлечени кандидатури, прекинати мандати, самоцензура и намалена подготвеност на жените да учествуваат во јавниот и политичкиот живот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор