Final
|

Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог”

Актуелните настани не ставаат пред сериозни предизвици, не само како луѓе од граѓанските организации туку и индивидуално, како граѓани.

Неколку грантисти на Цивика мобилитас иницираа заедничка реакција на последните случувања во кои насилството се заканува да го заземе местото на мирното протестирање и дебатирање.

Во продолжение прочитајте го во целост Повикот и листата на граѓански организации поддржувачи на иницијативата.

Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог“

Последните неколку дена се одвиваат настани на кои не можеме и не смееме да останеме неми набљудувачи. Тие задираат во суштината на демократијата и во нашето делување како граѓански организации. Ги поткопуваат мирот и толеранцијата, вредности кои општеството макотрпно ги гради. Вредности во кои е вложен силен напор на сите општествени чинители, институционални и индивидуални. Напор чиј резултат се изградени односи засновани на прифаќање на разликите и заедничка добивка од меѓузависноста. Нашето мултикултурното општество е заштитниот знак на нашата држава и затоа, не смееме да дозволиме никому да ги руши веќе изградените вредности.

Затоа, ние долупотпишаните граѓански организации го осудуваме насилството кое се случи за време на протестите низ кои граѓаните го изразуваат своето несогласување со предлог-преговарачката рамка на ЕУ (тнр. „Француски предлог“) во деловите што се однесуваат на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија. Ги осудуваме сите оние кои свесно или несвесно поттикнуваат насилен развој на протестите. Апелираме до сите вклучени во протестите на одговорно однесување. Бараме од политичките партии јавно да се оградат од ваквите инциденти, а од институциите и граѓаните активно да се заложат за обесхрабрување на учесниците во протестите да прибегнуваат кон насилни дејства. Апелираме до медиумите за  професионално и објективно информирање на граѓаните.

Мирните протести се еден од начините на изразување на сопственото мислење. Имањето став и неговото презентирање е демократска придобивка. Иако тој став можеби не е споделен со сите сограѓани – решението не е избегнување и премолчување. Затоа апелираме да продолжи дебатата за „францускиот предлог“ на сите нивоа. Таа да биде сеопфатна, да трае толку колку што е потребно за да се презентираат сите аргументи кои ќе водат до информирана одлука „за“ или „против“ предлогот или преку барање на „меѓу-решенија“.  

Мирот и стабилноста, просперитетот и демократијата се одговорност на сите нас, премногу се скапоцени за да им ги препуштиме само на политичките партии.

Граѓански организации поддржувачи на иницијативата:

  1. Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС
  2. Здружение на Лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед, Тетово
  3. Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, Делчево
  4. Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
  5. Здружение на Ромите „Черења“, Штип
  6. Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците „Достоинствен работник“, Прилеп
  7. Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје
  8. Здружение за борба против рак БОРКА ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН, Скопје
  9. Рурална коалиција, Кичево
  10. Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ), Гостивар
  11. Дијалог Центар за делиберативна демократија, Прилеп
  12. Организација на жени Лозово
  13. Здружение ИЗВОР, Кратово
  14. Здружение за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ, Скопје
  15. Здружениe за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ
  16. Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
  17. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Скопје
  18. Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС, Скопје
  19. Ромска асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ, Скопје
  20. ЗГ Медиа Плус Штип
  21. Стрип центар на Македонија – Велес
  22. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, Скопје

Напомена: За сите граѓански организации листата за поддршка на иницијативата е отворена за приклучување преку меил: helpdesk@civicamobilitas.mk

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор