ПОВИКОТ ЦМ-ИНС-03 Е ЗАТВОРЕН

Цивика мобилитас објавува повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-03].

Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010).

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку образец за пријава, а во процесот на подготовка на пријавата, организациите ќе треба да поминат и низ процес на самооценка, пополнувајќи и поднесувајќи онлајн и прашалник за самооценка.

Покрај Образецот за пријава, апликантите мора да ги поднесат и следните прилози за пријавување:

  • Прилог 1. Работен план
  • Прилог 2. Буџет
  • Прилог 3. Временска рамка
  • Прилог 4. Доказ за правен статус: тековна состојба за апликантот издадена од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од шест месеци;
  • Прилог 5. Копии од завршните сметки за последните три години (2013, 2014, 2015/ доколку е применливо), како што се поднесени до Централниот регистер за секоја соодветна година;

Повеќе информации за повикот се дадени во Водичот за апликантите и неговите прилози.

Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари на годишно ниво. Расположливиот вкупен износ за овие грантови изнесува 25.000.000 денари. Грантовите од овој повик се за период од миниум 12 месеци и максимум 18 месеци. Поддршката на институционалните грантисти после првите 12 месеци ќе зависи од нивните достигнувања и ќе биде предмет на одобрување од Комисијата за избор на грантови.

Краен рок за поднесување на пријавите е 31 октомври 2016 г., до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса:

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за програмата Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Македонија

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Одговори на прашања поднесени до 21.10.2016 (објавено на 26.10.2016 г.)

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 21 октомври 2016 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-ИНС-03).

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за прибирање и одговарање прашања поврзани со овој повик за предлози. Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас нема обврска да одговара на прашањата што не се поднесени преку линијата за поддршка, туку се поднесени директно/лично до персоналот на Цивика мобилитас. Персоналот на Цивика мобилитас има насоки да не одговара на овие прашања и да ги пренасочи кон линијата за поддршка.


ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија за овој повик за предлози.

Датум
Кинотека Македонија, ул. Никола Русински бр.1 11:00ч, 12 октомври 2016 г.

Ве молиме имајте предвид дека оваа временска рамка може да се промени.


Подолу се исечоци од видеа снимени на информативната сесија за овој повик за грантови:

Подолу се презентациите користени на информативната сесија за овој повик за грантови:

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Датум
Отворање на повикот за предлози 3 октомври 2016 г.
Информативна сесија Кинотека Македонија, Скопје 11.00 ч.,12 октомври 2016 г.
Краен рок за поднесување на пријави 31 октомври 2016г., 16.00 ч.
Проверка на административен квалитет и подобност ноември 2016 г.
Одлука на Комисијата за избор на грантови до 30 ноември 2016 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријави декември 2016 г.
Преговори и потпишување договори до 31 декември 2016 г.