Цивика мобилитас објавува повик, реф. бр. ЦМ-ИНР-02, за доделување мали грантови за практиканство кои ќе понудат поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и Македонија.

За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да има минимум 18 години и да биде државјанин на Швајцарија со потекло од Македонија и/или пак државјанин на Македонија кој постојано или привремено живее/престојува во Швајцарија.

Во рамките на овој Повик за предлози, пријавите мора да вклучуваат еден или повеќе соработници. Овие соработници мора да бидат актуелни институционални (ИНС), акциски (АКТ), специфични акциски (САК), мали акциски (МАК) и/или ад хок (АДХ) грантисти на Цивика мобилитас, како и проектната канцеларија на Цивика мобилитас.

Повикот се состои од:

Грантовите не смеат да траат подолго од 6 месеци и не смеат да ја надминат сумата од 6.000 швајцарски франци (или во просек, не смеат да надминат 1000 швајцарски франци месечно), зависно од времетраењето на грантот.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 март 2018 година. Пријавите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум и време.

Пријавите мора да бидат доставени до Цивика мобилитас на англиски јазик по е-пошта, во чиј наслов треба да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ИНР-02 на следната адреса: cm-inr-02@civicamobilitas.mk. Страниците од пријавата и прилозите, кои содржат потписи и печати треба да се испратат скенирани.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат преку е-пошта, на: helpdesk@civicamobilitas.mk Ве молиме во насловот на пораката да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ИНР-02.

Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ги следат нејзините веб-страница и страница на Фејсбук, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

inr 01