fbpx
x
Мени

Повик за акциски грантови ЦМ-АКТ-02

ПОВИКОТ ЦМ-АКТ-02 Е ЗАТВОРЕН

Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-02]

Пријави можат да поднесат организации од Македонија, и тоа:

  1. граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010);
  2. непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.

Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат и партнери. Освен погоре наведените категории организации, партнери можат да бидат и медиумите, синдикатите и организациите на работодавачи.

Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Потребни прилози за пријавување:

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на побараниот грант не треба да биде под 1.000.000 и над 2.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 27.000.000 денари. Организациите можат да поднесат само една пријава на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 10 мај 2016 г. до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта.

Пријавите се доставуваат на адреса:

Цивика мобилитас
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Македонија

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Одговори на прва група прашања (објавено на 28.4.2016 г.)


Одговори на втора група прашања (објавено на 5.5.2016 г.)


Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 30 април 2016 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-02).

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за прибирање и одговарање прашања поврзани со овој повик за предлози. Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас нема обврска да одговара на прашањата што не се поднесени преку линијата за поддршка, туку се поднесени директно/лично до персоналот на Цивика мобилитас. Персоналот на Цивика мобилитас има насоки да не одговара на овие прашања и да ги пренасочи кон линијата за поддршка.

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи информативни сесии за овој повик на:

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Ве молиме имајте предвид дека оваа временска рамка може да се промени.

Датум
Отворање на повикот за предлози 15 април 2016 г.
Краен рок за поставување прва група прашања 21 април 2016 г.
Краен рок за одговори на прва група прашања 28 април 2016 г.
Информативна сесија 21-22 април 2016 г.
Краен рок за поставување на втора група прашања 30 април 2016 г.
Краен рок за одговори на прашањата 5 мај 2016 г.
Краен рок за поднесување на пријави 10 мај 2016 г., 16.00 ч.
Административна и проверка за подобност 11-13 мај 2016 г.
Одлука на Комисијата за избор на грантови 31 мај 2016 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријави 10 јуни 2016 г.
Преговори и потпишување договори 15 јуни 2016 г.