fbpx
x
Мени

Втор повик за институционални грантови ЦМ-ИНС-02

ПОВИКОТ ЦМ-ИНС-02 Е ЗАТВОРЕН

Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010).

Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку образец за пријава, а во процесот на подготовка на пријавата, организациите ќе треба да поминат и низ процес на самооценка, пополнувајќи и прашалник за самооценка. Повеќе информации за повикот се дадени во Водичот за апликантите и неговите прилози.

Секоја граѓанска организација ќе може да поднесе само една пријава на овој повик. Добитниците на грантови на овој повик нема да можат да добијат друг институционален или акциски грант во оваа фаза на Цивика мобилитас (2014-2018 година). Оценката на пријавите и изборот на грантистите ќе го прави Комисија за избор на грантови.

Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овие грантови изнесува 70.000.000 денари. Грантовите од овој повик се за период од 2 години (24 месеци). Поддршката на институционалните грантисти за втората година ќе зависи од нивните достигнувања и ќе биде предмет на одобрување од Комисијата за избор на грантови.

Краен рок за поднесување на пријавите е 15 јануари 2016 г., до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта. Пријавите се доставуваат на адреса:
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
за програмата Цивика мобилитас
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Македонија
Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори.