Вкупен буџет: 1.999.750 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ АСПЕКТИ е здружение кое првично беше регистрирано како Асоцијација за креативен развој, психотерапија и едукација. Мотивацијата за нејзиното основање произлезе од потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за значењето на психосоцијалното здравје преку креативна адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата, со хуманистички и едукативен пристап. Нашата визија е нашиот центар да биде значаен фактор во општествената заедница кој преку своите едукативни, искуствени, истражувачки, советодавни и други активности ќе придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од психосоцијална подршка во насока на поквалитетен соживот. Нашата мисија е грижа и афирмација за психосоцијалното здравје на сите категории на граѓани (без дискриминација) за да се надминуваат  стереотипите и предрасудите во однос на психолошкото советување и психотерапија; приближување на истите кон граѓаните преку едукативни, искуствени советодавни активности во насока на превенција и унапредување на квалитетот на живеење. Методите на работа се искуствени, доживувачки, интерактивни во групи или со индивидуалци, дискусии, трибини, презентации, работилници. Основната дејност е советодавна и едукативна во насока на зголемена свесност за себе и зголемена свесност за другите.

Конституенти

Членови и волонтери на здружението, корисници на здружението и соработници.

Претходно искуство

  • Младите помеѓу политичката дихотомија со арт експресија во надминување на ригидноста и говорот на омразата
  • Психолошка поддршка и стрес менаџмент на мобилните тимови кои даваат помош на мигрантите
  • Градење на професионален пристап – идентификација, упатување и асистенција на високо ризични случаи меѓу мигрантите и бегалците

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

младинска  кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза

За што е потребна акцијата

Оваа акцијата  е инспирирана од случувањата во нашата држава во последните неколку години кои се проследени со многу протести, политички кампањи, постизборни протести и акции кои се исполнети со говор на омраза, нетрпеливост, агресија и деструкција. Тоа го поттикнува насилството и омразата меѓу граѓаните, и ги дели на разни видови на поделби. Оваа акција има за цел промоција, заштита и практикување на слободата на здружување и изразување на граѓаните преку младите со што превентивно ќе се делува пред ескалирање на ситуацијата во државата во сериозна социјална  криза.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Да се развие медиумска кампања за развивање на свесноста кај младите и граѓаните дека говорот на омраза ги дискриминира, ги зголемува тензиите и создава социјална криза .

Специфична цел– Да се покрене и развие поголема национална кампања во сите сфери на живеење и промоција на позитивните вредности; да се вклучат со поголема масовност млади лица кои ќе развиваат свесност дека говорот на омраза ја засилува социјалната криза во државата – превентивно делување; да се поттикне свесност и акција кај младите дека се носители на идните промени во општеството  и да се развива свесност кај младите за формирање лични ставови кои ќе ги заштитат од манипулација.

Резултати

  • Развиена кампања преку билборди, анимации, печатени материјали и кампања на социјални мрежи. Активен пристап преку реакции, форуми и фидбек. Создадена рекламна мрежа која ќе ја промовира кампањата.
  • Создадена мрежа на младински и други организации како соработници кои ќе регрутираат млади лица за позитивно влијание врз граѓаните посебно младите на терен.
  • Размена на искуства преку дебати по градовите кои ќе вклучат и локални медиуми кои ќе поттикнуваат позитивен пристап.
  • Обучени млади лидери од младински организации за Препознавање, идентификување и справување со говорот на омраза како превенција од проширување на социјалната криза.
  • Изградена младинска стратегија која ќе произлезе од обучените младинци за поттикнување говор и однесување на почитување на различностите.
  • Прирачник за младинска стратегија: „Говори со почит“.

Активности

  1. Подготовка и печатење на медиумски материјали за влијание.
  2. Изработување на веб страна за социјална интернет кампања и комуникација
  3. Потпишување меморандуми за соработка со младински организации од Скопје, Струмица, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Кочани
  4. Потпишување меморандуми за соработка со ТВ куќи од Скопје и другите градови
  5. Посета на општините и информирање за активностите во нивните градови (дебата и тркалезни маси)
  6. Тродневна обука за младински лидери на тема: „Препознавање, идентификување и справување со говорот на омраза како превенција од проширување на социјалната криза“
  7. 12 дебати (тркалезни маси) во секој од наведените градови поддржани од локалните медиуми.
  8. Семинар за градење на  младинска стратегија за надминување на говор на омраза и замена со говор на почит.
  9. Печатење прирачник со младинска стратегија за говорење со почит

Веб страница