ПРАВНИЧКАТА ИСТРАЖУВАЧКА МРЕЖА (ПИМ) претставува стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација која е активна како во полето на правните истражувања така и во унапредување на правната теорија и практика. Со знаењето и иновативните капацитети кои ги поседува мрежата, се промовира и унапредува принципот на владеење на правото а дополнително, влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. Нашите истражувачки активности се насочени кон заштита на човековите права како темелна основа и вредност на македонското општество.
Користејќи ја сопствената шареноликост, во смисла на искуството и експертизата на членовите, организацијата постојано ги следи и активно учествува во реформите на правниот систем во Република Северна Македонија преку подготвување и одржување на семинари, работилници, тркалезни маси и советувања за актуелни прашања преку кои ја манефестира својата социјално-одговорна улога и суштествена положба во невладиниот сектор.
ПИМ e формирана од четири здруженија кои се занимаваат со истражувања и проблематиката на правото и правдата, Македонско пенолошко друштво, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Здружението Мој Правен Советник Скопје и Советот за превентива против малолетничката деликвенција.
Македонското пенолошко друштво се занимава со истражување на пенологијата односно со унапредување и развивање на пенолошката наука во Република Северна Македонија. Формирано е од страна на повеќе еминентни претставници на правната наука и практика со различно поле на интерес. Во општествени услови кога казнениот систем се чини незаслужно запоставена тема, Македонското пенолошко друштво го рефлектира стремежот за прогрес како од аспект на постапувањето со осудените, нивното превоспитување и ресоцијализирање, така и во поглед на соодветна примена на правото воопшто.
Визијата на друштвото е „Праведно општество, почитување на правата, интегритет и достоинство за секого“
Здружението за кривично право и криминологија на Македонија е формирано со слободно здружување на теоретичари и практичари вработени на правните факултети во државата и странство, Факултет за безбедност, Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, во Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и други сродни научни и научно истражувачки институции, судовите, јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Адвокатската комора, Народен правобранител, како и на лица, кои слободно и доброволно се здружиле за да работат на унапредување на теоријата и практиката од областа на казненото право и криминологијата.
Главен домен на делување е анализа на современите состојби и проблеми и промомовирање на решенија прифатливи за теоријата и практиката во областа на казненото право и криминологијата. Истражувачките активности во областа на казненото право и сите модерни казнено правни проблеми се приоритет во програмата за работата на ова здружение.
Ставовите на експертите и практичарите за актуелните казненоправни проблеми, како и резултатите од спроведените активности, редовно се објавуваат во гласникот на Здружението – „Македонската ревија за казнено право и криминологија“, претставува единствен правен магазин од овој тип во Република Северна Македонија и има за цел да ја развие и промовира критичната правна мисла во областа на казненото право и криминологијата.
Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика МОЈ ПРАВЕН СОВЕТНИК Скопје е граѓанска организација, основана од амбициозни млади луѓе, чие основањето е резултат на желбата на група правници да ги промовираат, унапредат и укажат на правата на граѓаните.
Движечка сила на Здружението е неговата посветеност во решавањето на актуелните проблеми на граѓаните. Визијата на ова здружение е работа кон подобрување на правниот систем и човековите права во државата, со особен придонес за поефикасно и функционално работење на општините. Оваа цел се остварува прекуи информирање на граѓаните за нивни законски загарантирани права, како и со можностите за нивна заштита.
Советот за превентива против малолетничка деликвенција е невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од РСМ, а со цел воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благосостојба на децата. Следењето на институциите кои работат на полето на превенција и репресија од детско престапништво, следење на судските процеси пред надлежните институции, зголемување на јавната свест се само дел од активностите со кои се придонесува кон зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот.
Мотивот на оваа организација е борба против детско престапништво и создавање на целосно нов кодифициран казнен систем за правда за децата.
Антикорупција
Владеење на правото
Демократија
Децентрализација
Добро владеење
Животна средина и природни ресурси
Меѓуетнички односи
Образование, наука и истражување
Развој на граѓанско општество
Транспарентност
Човекови права
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Информирање (на пр. градење свест)
Истражување
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Експерти од одредена област
Образовни институции
Општини/единици на локална самоуправа
Други маргинализирани групи