Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Студиска посета и партнерска средба во Загреб во рамки на проектот DEAL

    Во периодот од 2 до 4 јуни 2025 година во Загреб се одржа студиска посета и партнерски состанок во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“. На средбата учествуваа претставници од сите партнерски организации: Хрватско дебатно друштво (ХДД), Младински образовен форуми и Џуниор Ачивмент Албанија (JAA).
    Првите два дена беа посветени на заедничко планирање и дефинирање на клучните чекори во имплементацијата на проектот. Договорени се термините за сите активности, вклучително и првата обука за наставници и предавачи во дебатните клубови, која ќе се одржи оваа есен во нашата држава. Посебно внимание беше посветено на начинот на спроведување на активностите, следење на резултатите и усогласување на методологијата помеѓу сите три партнерски контексти.

    Вториот ден беше збогатен со сесиите на Мартина Батур, долгогодишен предавач по дебата, која сподели искуства за водење на клубови, мотивација на ученици и вклучување наставници и волонтери во дебатни програми. Се отвори конструктивна дискусија за системот на дебатна едукација во Хрватска – од финансирање на програмите, преку менторската поддршка, до значењето на дебатата како алатка за младинско зајакнување.
    Студиската посета заврши со посета на новоотворениот мултимедијален центар „Доживеј ја Европа“, каде што добивме претстава за понудените содржини и можностите за нивна употреба во едукативни цели.

    Студиската посета се реализираше во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, имплементиран од Хрватското дебатно друштво (ХДД) во партнерство со Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум (МОФ), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

  • Повик за учество на обука за собирање податоци за граѓанските организации и употреба на алатката KoboToolbox

    Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2”, финансиран од Европската Унија, во соработка со Kobo Inc. објавуваат повик за бесплатна еднодневна обука за претставници на граѓански организации.

     Основни информации

    Локација: Граѓански ресурсен центар, Скопје
    Датум: 11 јуни 2025 година
    Време: 09:30 – 16:30 часот
    Трошоци: Покриени трошоци за транспорт за учесници надвор од Скопје
    Обучувач: Борис Ристовски, KoboToolbox амбасадор

    Зошто да учествувате?
    Во денешното време на засилена дигитализација, способноста за ефикасно собирање и анализа на податоци е клучна за секоја граѓанска организација. Оваа обука ви нуди можност да го совладате KoboToolbox – една од најмоќните и најшироко користени алатки за собирање податоци во хуманитарниот и развојниот сектор.
    Покрај изучување на различните методи за собирање податоци, обуката ќе вклучи и практична примена на алатката KoboToolbox за собирање и управување со податоци. Научете како да развиете моќни формулари за собирање податоци и како ефикасно да собирате податоци на терен или онлајн.
    За кого е наменета обуката?
    Оваа основна обука е наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да ги подобрат своите вештини во развој и примена на ефективни формулари за собирање податоци. За оваа обука нема потреба од претходно предзнаење – може да се пријават и учесници кои немаат никакво искуство во собирање податоци.
    Што ќе научите на обуката?

    Како да планираме активност за собирање на податоци
    Дизајн на прашалник и избор на соодветна алатка за собирање податоци
    Осврт на 25 различни формати на прашања во алатката KoboToolbox
    Поставување на логика на прашалникот и верификација на внесените податоци
    Вовед во понапредни теми и можности при собирање на податоци
    Преглед, модификување, основна анализа и визуелизација на податоци
    Менаџирање на проекти, анкетари и медоти за верификација на податоци

    Што добивате?
    По завршување на обуката, секој учесник ќе добие:

    Сертификат за учество што ќе ги подобри неговите професионални квалификации
    Практично искуство со реални примери
    Пристап до дополнителни ресурси и материјали за понатамошно учење
    Мрежа на контакти со други професионалци од граѓанскиот сектор

    Поддршка за учесници
    За пријавените учесници надвор од Скопје, ќе бидат покриени трошоци за транспорт во висина од автобуска карта до дадената локација. Дополнително, за време на обуката ќе бидат обезбедени ручек, освежителни паузи и работни материјали.
    Како да се пријавите?
    Пријавете го вашето учество со пополнување на ФОРМУЛАРОТ НА ГРЦ најдоцна до 8 јуни 2025.
    Погледнете го вебинарот како вовед во обуката: North Macedonia Community Webinar June 03 – YouTube

    Следно >

    Поврзани:

  • Хелсиншки комитет: Забраната на мирни собири и протести пред Собранието е во спротивност со Уставот

    Во Собранието на Република Северна Македонија во процедура на разгледување е ставен предлог закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона. Предлог законот е поднесен по скратена постапка.
    Законот предвидува сериозни ограничувања во просторот околу законодавниот дом, вклучувајќи забрана за протести, јавни собири и летови со дронови, како и градежни активности и поставување инфраструктура. Образложението за овој закон е дека се носи од безбедносни причини.
    Во предлог законот се наведува дека се работи за безбедносен аспект, кој што е од јавен интерес,  па оттаму се поставува прашањето зошто толку се брза со донесувањето на овој закон и зошто Собранието не организираше јавна расправа и поширока дебата.
    Овој закон се носи по скратена постапка и притоа се упатува на тоа дека тој ќе влезе во сила истиот ден кога ќе биде усвоен.  Нејасно е зошто Собранието инсистира законот да влезе во сила од моментот на неговото објавување ако се има предвид дека Уставниот суд, во неколку претходни случаи, има укинато закони токму поради отсуство на соодветно образложение при повикување на исклучокот на кој упатува Уставот за влегување во сила на закон со денот на неговото објавување.
    За нас е несфатливо зошто во образложението за донесувањето на законот се наведува дека во безбедносната зона околу Собранието се забранува одржување на јавни собири, протести или манифестации ако основната причина за носењето на ваков закон е да се спречи градење на објекти и поставување инфраструктура во непосредна близина на зградата на Собранието и непречено функционирање на пратениците и службите на Собранието.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права предупредува дека обидот на Собранието да го ограничи правото на јавен собир, протест или манифестации пред и во близина на зградата на Собранието ќе има штетни последици за човековите права и слободи.
    Потсетуваме дека Уставот на РСМ наведува дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба. Дополнително и Европскиот суд за човекови права не го толерира генералното ограничување на собири и протести и смета дека такво нешто би било оправдано само доколку постои реална опасност од тоа протестите да резултираат во нереди, и само доколку тоа не може да биде спречено со употреба на помалку рестриктивни мерки.
    Оттаму, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара итно повлекување на ваквиот текст на предлог законот и бараме претставниците на граѓаните во законодавниот дом при носење на законите секогаш да внимаваат на непречено и загарантирано уживање на човековите права и слободи.

  • Сериозно нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција – Повик за одлучна акција на ЕУ

    Четврток, 05 јуни 2025 10:50

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја истражуваше состојбата со овозможувачката околина во Северна Македонија што е дел од регионалната анализа на Балканската мрежата за развој на граѓанското општество (БЦСДН). Наодите од истражувањето се дел од најновиот документ за политики на БЦСДН насловен: „Делот што недостига: Зошто граѓанскиот простор мора да биде приоритет во процесот на пристапување во ЕУ“.

    Потпирајќи се на наодите од Матрицата за следење на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество (MM стандарди), документот остро укажува на сериозното нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција, предупредувајќи дека без конкретни дејствија, демократијата ризикува да остане само декларативен поим на хартија.
    Документот за политики открива загрижувачки трендови, вклучително и систематско стеснување на граѓанскиот простор.
    За справување со овие загрижувачки трендови, БЦСДН упатува итен повик до Европската Унија да воведе обврзувачки услови во процесот на проширување и тоа:

    Да воспостави јасни и мерливи критериуми за граѓанскиот простор, кои редовно ќе се применуваат и следат;
    Да вклучи граѓански организации (ГО) во процесите на следење на реформите и пристапните преговори;
    Да обезбеди долгорочна, флексибилна поддршка за иницијативи на локално ниво;
    Да го поврзе демократското назадување со конкретни финансиски и политички последици.

    БЦСДН нагласува дека ЕУ мора да применува поструктуриран, поитен и поодлучен пристап за заштита на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција.
    Примери од извештајот на загрижувачки трендови:

    Црна Гора: Во 2023 година, само 0,23% од државниот буџет беше наменет за ГО, значително помалку од законскиот минимум од 0,5%.
    Босна и Херцеговина: Криминализацијата на клеветата во Република Српска создаде средина во која новинарите се гонат за критичко известување – поднесени се 130 тужби за клевета во првата година по повторното криминализирање.
    Србија: Истражувачките новинари кои откриваат корупција често се цел на SLAPP тужби, иницирани од државни функционери или бизнисмени блиски до политички елити.
    Турција, Албанија, Србија и Косово: Се злоупотребуваат мерките за спречување перење пари (AML) и финансирање на тероризам (CFT) и се користат против ГО, со чести ревизии и административен притисок, особено врз организации за човекови права и оние со странско финансирање – што ги одвраќа донаторите и го отежнува финансирањето на граѓанските организации.

    Северна Македонија: Сеопфатната реформа на државното финансирање на граѓанските организации воопшто не напредуваше во 2024 година. Државното финансирање продолжува да биде речиси непрепознатлив извор на приход за граѓанските организации и е достапно само за ограничен број организации.

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Покана за понуди за добабувач на Транспорт на учесници на обука

    Центар за одржлив развој на заедницата Дебар, за имплементација на  проектот ,, Да учиме за климатските промени “ Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
    на ден 05.06.2025 год. испраќа:

     ПОВИК БР.7/2025
     
    Покана за понуди за добабувач на Транспорт на учесници на обука
     
    Покана за понуди за добабувач на Транспорт на учесници на обука од Дебар и Охрид за во Струга и обратноЗдружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот„Да учиме за климатските промени„ , на ден 05.06.2025 објавува:Повик за понуди
    Добабувач на Транспорт на 22 учесници на обука Дебар и Охрид  за во Струга и обратноПериодот на релаизација: 16-22 јуни 2025 годинаКреан рок за доставување на понуди: 10 јуни 2025 годинаI. Информации за проектот1.1 Наслов на проектотКлиматски промени/Животна средина1.2 Донатор и програмаПроектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас1.3 Побарувач на услугаЗдружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
    1.4 Општи информации за задачата– 12 учесници од дебар и 12 ученици од Охрид  да патуват до Струга на ден 16.06.2025
    -30 ученици од Струга да патуват за Охрид во 9.00 часот и да се вратат во Струга во 15.00 часот на 21 јуни 2025
    -12 ученици да патуват од Струга за Дебар на 22 јуни 2025 во 15.00 часот
    -12 ученици да патуват од Струга за Охрид на 22 јуни 2025 во 15.00 часот
    КонтактШуип Марку070306652Contact@cscd.org.mkСодржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Председател
    Дебар                                                                                                   ШУИП МАРКУ
    05.06.2025

    Related

    Shuip Marku
    Share This Story, Choose Your Platform!

  • Kампања „Едукацијата менува, казната крши“

    Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северна Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Support. Don’t Punish“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукацијата менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: разговор, музика од BB14 x BV14, и live art перформанс на mr. Poked.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

  • Покана за понуди за обучувач за спроведување на Обука

    Покана за понуди за обучувач за спроведување на Обука
    на млади од средно образование за дводневна   обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар за потреба на проектот
    „Да учиме за климатските промени„ , на ден 04.06.2025 објавува:
    Повик за понуди

    Експерт за спроведување на на Обука на млади од средно образование за дводневна  обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
    Периодот на релаизација: Јуни  2025 година
    Креан рок за доставување на понуди: 10 јуни 2025 година

    Информации за проектот

    1.1      Наслов на проектот
    Климатски промени/Животна средина
    1.2      Донатор и програма
    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
    1.3      Побарувач на услуга
    Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
    1.4      Информации за проектот
    1.4.1      Општа цел
    Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.
    1.4.2      Специфична цел
    Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во  справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот
    1.5      Општи информации за задачата
    Проектот „Да учиме за климатски промени“ побарува консултантски услуги од индивидуален/ни преведувач(и) / правен субјект, за спроведување на Обука на млади од средно образование за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната среди дводневна  обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
    на.
    Давателот на услугата треба да достави понуда за:
    за спроведување на Обука на млади од средно образование за Јакнење на нивните за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.

    Контакт
    Шуип  Марку
    070306652
    Contact@cscd.org.mk
    Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    Related

  • Општините од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се вмрежија и ги зајакнаа капацитетите за интеграција на РЕСИ алатката во локалното планирање и буџетирање

        ХЕРА со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ,  во периодот од 2 до 4 јуни 2025 г., во Велес, одржа […]

  • Средба на мултисекторски тим за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 3 јуни 2025 година се одржа средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше унапредување на мултисекторската соработка меѓу надлежните институции кои се вклучени во спречување и заштита од насилство врз жените и…

  • Kампања „Едукација менува, казната крши“

    Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукација менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северена Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Поддржи, не казнувај“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукација менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: Дискусија, музика од BB14 x BV14 ,live art перформанс на mr. Poked пренесувајќи ја порака „Едукација менува, казната крши“.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор