Istrazhuvanje naslovna 768x544

Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси.

Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што овозможува увид во степенот на изложеност и влијание на манипулативните информации врз граѓаните. Овој пристап овозможува и споредување со резултатите од претходните истражувања од 2022 и 2023 година и идентификување на трендовите во развојот на дезинформациската средина во земјата.

Наодите укажуваат дека ширењето на дезинформации претставува значаен општествен и институционален предизвик кој влијае врз медиумскиот простор, довербата во институциите и квалитетот на демократските процеси. Покрај геополитичките наративи поврзани со војната во Украина, во медиумскиот простор се присутни и анти-ЕУ и анти-НАТО пораки, манипулативни содржини поврзани со избори, здравствени теми и новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција.

Истражувањето има за цел да обезбеди емпириска основа за јавна дебата и креирање политики, како и да придонесе кон зајакнување на општествената отпорност кон дезинформации преку пристап што ги вклучува сите релевантни чинители – институции, медиуми, граѓански организации и академската заедница.

Истражувањето е спроведено како дел од пошироките напори на Метаморфозис за следење и разобличување на штетните странски влијанија и зајакнување на медиумската писменост и демократската отпорност во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.

За дел од резултатите од истражувањето директорот за партнерства и развој на „Метаморфозис“ Филип Стојановски дискутираше во рамки на интервју за ТВ Сител на 13.03.2026.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор