[Aggregator] Downloaded image for imported item #45958

Како да се сопре падот на критичкото размислување?

Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, ја сметале за неопходна за човечкиот напредок, која ја развива способноста да се преиспитуваат информациите, да се доведуваат во прашање главните претпоставки, наративи и политики што влијаат врз нашата реалност, со цел да се унапреди знаењето и науката.

Сепак, во денешно време, постои сѐ поголема загриженост дека критичкото размислување е во постојано опаѓање. Причините за тоа најчесто се лоцираат кај брзите промени што ги носи новото дигитално време и проблемите во нашето приспособување кон овие длабински трансформации во општествата.

Причини за падот на критичкото размислување

6644639d8e376334d83b1ca0 amusing ourselves to death neil postman

Нил Постман (Neil Postman) во својата книга „Забавувајќи се до смрт“ (1985)предупреди дека нашите слободи и права можат да пропаднат не поради цензура, туку преку „поплава од забавни содржини што го блокираат поединецот да мисли критички и да прави  сопствена процена за реалноста во која живее“. Како што наведува Постман: „Медиумите што ги користиме, ги трансформираат начините на кои размислуваме. Секој медиум креира говор што ни дава ориентација во размислувањето, во изразувањето и во сензибилноста“ (1985, стр. 11). Денешните медиуми, од информативните до целосно забавните програми, се сосредоточени на креирање содржини што имаат силен ефект врз нашите емоции, какви што се страв, огорченост, вознемиреност, или пак чудење, воодушевеност и еуфорија. Ваквите содржини доминираат во јавната комуникација и тие редовно се најгледани, најпосетувани, најкоментирани и највирални. Поради својата ефикасност во привлекување внимание, медиумите, од инфлуенсерите, јутјуберите, до големите медиумски конгломерати, се во постојана трка за привлекување внимание токму на ваков начин, афективно, емотивно, но често и ирационално.

Филозофот Херберт Маркузе предупреди во својата книга „Еднодимензионалниот човек“ (1964) дека напредните општества создаваат пасивност и конформизам преку заситување на граѓаните со потрошувачки потреби и навики. Нудејќи бесконечна забава и лажни избори, „системите на моќ ја спречуваат вистинската критика“. Неговата дијагноза загрижувачки резонира со денешната култура на „doomscrolling“ (англ.), каде што консумираме огромни количини информации без фокус, лично ангажирање или критичко размислување.

Па, така, медиумите денес доминантно користат алармантни наслови и драматични визуелни елементи за да привлечат внимание. За време на пандемијата на КОВИД-19 многу медиуми често користеа наслови како: „НОВ БРАН НА СМРТОНОСЕН ВИРУС!“, или „БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕД КОЛАПС!“. Овие методи се користат континуирано, за нови теми, какви што се воените конфликти и честата евокација на поими како „ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“, „КРАЈ НА СВЕТОТ“, „ЕКОНОМСКИ КОЛАПС“ и слично. Начинот на презентација на вестите е силно емоционализиран, со драматична музика, колоритна графика и со постојано броење жртви и штети. Целта е да се задржи вниманието на јавноста преку страв и вознемиреност.

Алгоритмите на платформите како Тикток, Јутјуб и Инстаграм најчесто промовираат содржини што предизвикуваат силна реакција (видеа со наслови: „НЕ МОЖЕТЕ ДА ВЕРУВАТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ!“, или пак реакциски видеа во кои инфлуенсерите претерано се смеат, плачат или се шокирани). Ваквите содржини се најгледани затоа што силната емоција го поттикнува споделувањето и коментирањето.

sead il3

Сите овие примери покажуваат дека современата медиумска екосфера функционира според логиката на економија на внимание. Содржините што најмногу се наградуваат од алгоритмите и публиката се оние што предизвикуваат силни емоции, додека бавната, аналитичка и критичка комуникација многу потешко се практикува.

Падот на критичкото размислување е очигледно и во политиката, каде што наративите сè повеќе ги надминуваат фактите. Денешниот пејзаж од лажни вести, скандали, теории на заговор и поларизирани медиуми го илустрира овој колапс. Популистичките движења низ целиот свет ги користат емоциите и идентитетот како оружје, наместо аргументите и фактите, повторувајќи го предупредувањето на Платон дека демократиите се ранливи на демагози што манипулираат со желбата наместо да се повикуваат на разумот.

Образованието, некогаш сметано за основа на критичката мисла, сè повеќе се структурира врз стандардизирано тестирање и површна метрика. Пауло Фреире во книгата „Педагогија на угнетените“ тврди дека образованието честопати ги сведува учениците на „човечки контејнери во кои се депонира знаењето, наместо да поттикнува дијалог и размислување“. Овој модел на образование наградува меморирање и послушност наместо внимателност и размислување. Во современите училници критичкото размислување е често користен збор, но, за жал, не и редовна практика. Стандардизираните испити ретко ја тестираат способноста на учениците да проценуваат аргументи или да препознаваат пропаганда. Како резултат на тоа, учениците го напуштаат училиштето без вештини критички да ги преиспитуваат содржините во медиумите, и често паѓаат во стапицата на зависност од технологијата.

Улогата на алгоритмите во падот на критичкото мислење

Дигиталната доба донесе невиден пристап до информации, но не го зајакна критичкото размислување. Напротив. Алгоритмите на платформи како Тикток, Јутјуб и Икс, се дизајнирани да го максимизираат ангажманот (engagement, англ.), а не разбирањето. Во книгата „Филтрирачки меур“(2011), Ели Паризе објаснува како корисниците се заробени во комуникациски системи за персонализирани содржини што ги зајакнуваат постојните верувања, создавајќи идеолошки ехо-комори. Ова ја блокира можноста да прифаќаме нови информации и знаења, а со тоа и подобро да се приспособуваме на средината во која живееме.

sead il4

Обемноста на информациите влијае нив површно да ги восприемаме и да не ги преиспитуваме критички. Информациите, вестите и најпопуларните содржини стануваат потрошувачка стока, која рутински ја консумираме некритички. Со тоа информирањето престанува да биде поткрепено со размислување и логичко расудување, станувајќи жртва на неконтролираното ширење на потрошувачката култура во комуникацијата. Ова ги трансформира информациите и идеите во производи што ги преземаме готови и ги користиме, нешто како продуктите во супермаркетите. Зошто би анализирале некој проблем критички и би се мачеле да оформиме свој став кога медиумите, од инфлуенсери, сѐ до експерти, ни нудат готови ставови, коментари и мислења?  Доволно е само да ги собереме од медиумите така како што ни се допаѓа и ни одговара.

Скорешни студии ја поврзуваат зависноста од вештачка интелигенција со намалени вештини за критичко размислување, особено кај младите поради т.н. когнитивно растоварување (cognitive offloading, англ.) и прекумерна зависност од технологијата. Наместо критички да креираат свои ставови и мислења, вештачката интелигенција може да го обесмисли тој процес со едноставно нудење готови ставови и идеи, непроверени, неприспособени и неизвесни за примена.

Кои се ефектите на медиумите врз критичкото мислење?

Критичкото размислување се чини дека исчезнува под ваквите притисоци од преоптоварување со информации, емоционализација, политичка пропаганда и потрошувачка  култура, кои шират конформизам и пасивност. Нашето внимание се фрагментира на стотици различни теми и канали што ги преоптоваруваат нашите мислечки капацитети. Така се креира и новата „brainrot-култура“ што вклучува, сликовито кажано, „гниење на мозокот“, односно ширење идеи дека мозокот, мислењето и критичката свест се непотребни или невозможни.

sead il5

Дали критичкото размислување е целосно исчезнато? Сè уште не, но е во голема опасност. Критичката мисла преживува во помали медиуми и комуникациски сфери, честопати отфрлени како неважни или непрактични. Денешната технологија го раситнува вниманието, политиката ги фаворизира спектаклот и шоуто, а потрошувачката култура прави од мислењето производ што може да се купи и да се собере од многуте медиуми што ни се достапни. Предупредувањата на критичарите одекнуваат одново и одново: без критичко размислување, граѓаните стануваат гледачи, а не учесници, потрошувачи, а не мислечки поединци што треба да учествуваат во одлуките за сопствената иднина. Недостигот од критичко мислење ги маргинализира и ги подредува кон оние што ја контролираат комуникацијата и општествената реалност.

Неопходно е да се ревидираат образовните методи и политики што ќе го зајакнат критичкото мислење и ќе создадат услови тоа да се развива, особено кај помладите. Медиумската писменост станува критички важна алатка, која може да ни помогне полесно да преживееме во ерата на неограничени, но и непроверени, информации, и да останеме активни субјекти и граѓани, кои самостојно мислат и ја креираат својата подобра иднина.

Критичкото размислување се подобрува преку сопоставување различни аргументи, проверка на извори на информации, препознавање емоционална манипулација, детектирање логички грешки, дебата со аргументи и факти, свесност за влијанието на алгоритмите, проверка на податоци и статистика, и ред други. Зајакнувањето на одредени научни дисциплини во образовниот систем, како логика, дебатирање и слично,  помагаат и треба заедно со другите алатки за критичко размислување да бидат во фокусот на политиките, образованието и граѓанскиот активизам.

Автор: Сеад Џигал


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми

Продолжи со читање

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

  • Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“

    Како дел од подготовките за седмото издание на списанието „Правен фокус“, од 14 до 16 август во Охрид се одржа обука посветена на стандардите за академско пишување. Обуката беше наменета за избраните автори кои ќе подготват стручни статии за новото издание, посветено на темата „Помеѓу […]
    The post Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“ appeared first on Myla.

  • Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери

    Последни новости Дневниот камп SPARK 2026 ја инспирираше новата генерација млади лидери Од 23 до 25 јуни 2026 година, ИМКА Македонија го организираше дневниот камп SPARK во Битола – три незаборавни дена исполнети со авантура во природа, развој на лидерски вештини и учење преку практично искуство. Кампот беше реализиран во партнерство со Мировниот корпус, Педагошкиот факултет, Технолошко-техничкиот факултет и алумни на камповите на ИМКА. Активностите се одржуваа во шумскиот простор во близина на Педагошкиот факултет, кој овозможи безбедна и инспиративна средина за учење, дружење и стекнување нови пријателства. Во текот на трите дена, учесниците беа дел од разновидни активности инспирирани од лидерските столбови на ИМКА – личен развој, лидерство, граѓанска одговорност и заштита на животната средина. Преку искуствено учење на отворено, тимски предизвици, олимписки игри и забавни водени активности, децата ги развиваа својата самодоверба, соработката и тимскиот дух. Еден од највозбудливите моменти беше еднодневната посета на Националниот парк Пелистер. Таму учесниците ги тестираа своите способности во адреналинскиот парк, а потоа учествуваа во организирана прошетка низ шумските патеки. Овие активности ги поттикнаа да излезат од својата комфорна зона, да се охрабруваат меѓусебно, да градат отпорност и истовремено да ја запознаваат и ценат природата на Македонија. SPARK претставува прв чекор во лидерската патека на ИМКА. Како дневен камп наменет за ученици од основно образование, тој ги подготвува младите за следната фаза – лидерските кампови за средношколци Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men’s Leadership Project (YMLP). На тој начин, учесниците добиваат можност континуирано да ги развиваат своите лидерски способности, чувството за заедница и личната одговорност. Влијанието на кампот SPARK продолжи и по неговото завршување. Во анкетите по кампот, родителите дадоа исклучително високи оценки за целокупното искуство, истакнувајќи дека кај нивните деца забележале поголема самодоверба, независност, нови пријателства и уште поголем ентузијазам за учење преку активности во природа. Нивните позитивни впечатоци се уште една потврда за заложбата на ИМКА да создава безбедни, квалитетни и трансформативни програми за млади. ИМКА упатува искрена благодарност до координаторите, советниците, персоналот и сите поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на SPARK 2026. Благодарение на нивната посветеност, младите добија можност да ги откријат своите потенцијали, да создадат спомени за цел живот и да ги направат првите чекори на своето лидерско патување.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор