Author: Фондација за медиуми и граѓанско општество-МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ - Скопје

  • Повик за новинари за учество на обука за истражувачко новинарство

    Од идеја до истражување: техники на современото истражувачко новинарство Школата за новинарство од Лил (École Supérieure de Journalisme de Lille – ESJ Lille) и Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Амбасадата на Франција во Северна Македонија и продукциската куќа „Premières Lignes“, објавуваат повик за новинари за учество на обука за истражувачко новинарство. Обуката е […]

  • Од идеја до медиумски продукт: гласот на младите од Гевгелија

    Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини. Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти […]

  • Од училница до медиумска порака: медиумските вештини на младите од Гостивар

    Учениците од СОУ „Гостивар“ од Гостивар активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини. Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти посветени […]

  • Презентирана анализата на Етичкиот кодекс на Македонската радио-телевизија

    Во Македонската радио-телевизија беше презентирана анализата на постоечкиот Етички кодекс на јавниот радиодифузен сервис, подготвена од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Наодите и препораките беа претставени пред членовите на Програмскиот совет, раководството и уредниците на МРТ. Анализата е подготвена како стручна основа за Програмскиот совет на МРТ во процесот на преиспитување и унапредување на Етичкиот […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

  • ЗНМ, МИМ и СЕММ го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија

    Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија денеска во Europe House во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, како значаен чекор кон унапредување на професионалните и етичките стандарди во новинарството и зајакнување на довербата на јавноста во медиумите. Новиот Кодекс е резултат […]

  • КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

    ПРЕАМБУЛА Слободата на медиумите е неприкосновено право. Мисијата на новинарството се темели врз правото на секој човек да има пристап до информации и идеи, во согласност со Универзалната декларација за човекови права и Уставот на Република Северна Македонија. Задача и обврска на новинарите е да ги почитуваат вистината и правото на јавноста да биде навремено […]

  • Кога машината пишува, кој одлучува?

    Пред неколку дена, на средба со млади луѓе, разговорот стигна до вештачката интелигенција (ВИ). Се отворија познатите стравови за лажните видеа, манипулацијата, губењето работни места и можноста машините постепено да преземат дел од она што досега го сметавме за човечка работа. Од целиот разговор, сепак, ми остана една поинаква реченица: „Не треба да се плашиме од вештачката интелигенција. […]

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Поткасти без граници: Сензационалност која ги уназадува човековите права

    Во последните години, македонскиот медиумски простор претрпе длабока промена. Традиционалните телевизиски формати и печатени медиуми се сè повеќе заменуваат со поткасти, јутјуб ток-шоу емисии и неформални видео содржини. Овие формати привлекуваат огромна публика, особено меѓу младите, и стануваат главен канал преку кој се формираат мислења за општествените прашања. Наместо професионално новинарство базирано на факти, етика […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор