Author: Фондација за медиуми и граѓанско општество-МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ - Скопје

  • Прирачник за медиумски активизам

    Медиумите и комуникациите денес претставуваат клучно поле на современите политички борби. Влијанието врз уредувачката политика, концентрацијата на медиумската сопственост, безбедноста на информациите, квалитетот на информациите, како и улогата на медиумските платформи во јавниот дискурс, станаа централни теми на јавната дебата. Демократските медиуми не се само канали за комуникација, туку и предуслов за демократијата. Во репресивните […]

  • Вештачката интелигенција и новата претплатничка економија

    Вештачката интелигенција несомнено претставува извонреден напредок и иновација во дигиталната ера. Таа нуди многубројни предности и олеснувања во тоа како се наоѓаат, се обработуваат и се користат информациите денес. Но, покрај својата трансформациска улога во многу области, таа сè повеќе се покажува како клучен фактор во развојот на нов бизнис-модел што ја менува економијата и […]

  • Доделени новинарските награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2025“

    Првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ja добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“. Наградата се доделува како […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

  • Новинарски награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2025“

    Македонскиот институт за медиуми (MИM) по 25-ти пат, јубилејно, го објавува Конкурсот за најдобра истражувачка сторија на годината. На конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2025“ може да се пријават сите новинари кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив. Пријавените стории треба да бидат објавени во текот на 2025 година во весник, […]

  • Од играчка до алгоритам што личи на вистина

    Сè уште го паметам чувството, како дете држам в раце пластично „телевизорче“, речиси џебно, и одеднаш добивам моќ да пуштам слика што се движи. Немаше батерии, сигнал или електроника. Имаше тркалце што се врти и внатре лента со пејзажи што се менуваат. Дрвја, улици, воз, река, планина… Сцената се менуваше „како вистинска“, но доволно јасно […]

  • Вистината на попуст: колку вреди трудот на македонскиот новинар

    Ниските плати, политичките притисоци и зависноста од државните пари ја претворија новинарската етика во борба за опстанок. Во редакции со стари компјутери, со хонорарно ангажирани новинари и медиумски соработници, како и со плати под државниот просек, македонските новинари редовно ја плаќаат сметката за вистината. Додека бројот на портали расте, довербата во медиумите опаѓа. Она што некогаш […]

  • Вештачката интелигенција во образованието – да ја научиме иднината

    Северна Македонија од тековната учебна година ги направи првите чекори за да воведе вештачка интелигенција (ВИ) во наставата. Вкупно 200 наставници од сите средни училишта во државата ја поминале првата фаза од обуката. Употребата на вештачката интелигенција ќе биде воведена во сите предмети, а од наставниците ќе зависи колку и какви алатки ќе се користат. […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор