[Aggregator] Downloaded image for imported item #47861

Етичка рамка за колумни

Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев.

Во неа не важат класичните новинарски барања за објективност и „втора страна“, ниту, пак, потребата текстот да биде врзан за конкретен дневен или актуелен настан. Со колумни се реагира, но и се отвораат теми што инаку лесно би останале на маргините на јавната дебата. Нејзиниот јазик некогаш е ироничен, саркастичен или провокативен, а неретко се „наслонува“ и на литературата.

Впрочем, освен новинарите, како колумнисти се јавуваат и писатели, публицисти, професори, политичари или јавни личности што преку медиумите учествуваат во јавната дебата и влијаат врз јавното мислење.

Оттаму, се наметнува прашањето дали, и како, колумната може да биде оценувана според етичките стандарди на новинарството, особено ако нејзините автори често воопшто и не се новинари?

Авторска слобода и одговорност

За разлика од вестите, кои се обврзани на објективност и точност, колумната не почива на истите начела. Таа по својата природа е вредносен жанр во кој авторот изразува личен став или рефлексија за одредена тема. Во неа се дозволени емоција, личен тон, па и претерување како стилска алатка.

Јавната дебата не може да постои без простор за критика, провокација и авторски ризик. Оваа слобода, сепак, не ја исклучува одговорноста на авторот, но и на медиумот што ја пренесува, за искажаниот збор и почитување на основните начела на јавната комуникација.

tam text 1

Иако колумната не мора да биде чисто информативна, таа сепак треба да се заснова или да биде инспирирана од факти. Во колумните често се собираат различни информации што потоа се обработуваат и се изразуваат на нов и неочекуван начин, често преку иронија, пародија или сарказам.

Но, тоа не значи дека смеат да се изопачуваат проверени информации и свесно и намерно да се дезинформира. Ниту медиумот ниту колумнистот не може да биде ослободен од одговорност за јавно искажаниот збор.

Колумната е моќна алатка за критика и за отворање важни општествени прашања. Tаа има право да биде остра, провокативна, па и непријатна. Иронијата, сарказмот и потсмевот се легитимен дел од колумнистичкиот стил, но проблемот почнува тогаш кога тие стануваат маска за навреда, дискредитација, дехуманизација или свесна манипулација со фактите. Колумнистот не е должен да биде „неутрален“, но е должен да биде свесен за тежината и за последиците на јавно изговорениот збор.

Авторот има право на став, претерување, иронија и остра критика, но нема право свесно да дезинформира, да манипулира со факти или да поттикнува омраза и дискриминација.

Токму затоа формалната жанровска ознака сама по себе не може да даде етички имунитет. Тоа што еден текст е објавен како колумна, став или коментар, воопшто не значи дека тој автоматски е ослободен од професионална и јавна одговорност.

Колумнистичката форма не смее да се користи како засолниште за манипулација, дезинформирање или поттикнување омраза под изговор на „авторска слобода“.

Истото важи и за медиумот што ја објавува колумната.

Медиумот не е само технички простор за туѓо мислење, туку активен учесник во јавната комуникација. Со самото објавување, тој прави уреднички избор и презема дел од одговорноста за содржината што ја пласира во јавноста.

tam text 2

Оттаму, слободата и одговорноста при пишувањето колумни не се однесуваат само на авторот, туку и на редакцијата. Оградувањето од ставовите на колумнистот може да се однесува само на уредувачката политика, односно на фактот дека личниот став на авторот не мора да биде и став на редакцијата. Но, тоа не го ослободува медиумот од одговорност за евентуално ширење дезинформации, клевети или говор што поттикнува омраза и поделби. Таквиот „дисклејмер“ сам по себе не е доволен.

Етичката одговорност не се исцрпува само со прашањето на намерата, туку и со последиците што јавно објавената содржина може да ги произведе во јавниот простор.[1] Токму затоа одговорноста не може целосно да се „делегира“ ниту да се префрли исклучиво врз авторот.

Колумната како етички предизвик

Колумната, со својата флексибилност и субјективност, се издвојува од другите новинарски форми, но тоа не значи дека е ослободена од етичка рамка. Нејзината сила е во слободата да биде лична и неконвенционална, без притоа да ја изгуби врската со фактите и јавниот интерес.

Токму преку таа слобода, колумната често отвора нови начини на изразување, нови перспективи и поинаков пристап кон темите за кои медиумите известуваат[2]. Но колку повеќе ги поместува границите на јавниот говор, толку е поголема и одговорноста и на авторот и на медиумот што ја објавува.

  „Формалната жанровска ознака сама по себе не може да даде етички имунитет.“

 „Колумнистот не е должен да биде ‘неутрален’, но е должен да биде свесен за тежината и за последиците на јавно изговорениот збор.“

  „Колумнистичката форма не смее да се користи како засолниште за манипулација, дезинформирање или поттикнување омраза под изговор на ‘авторска слобода’.“

„Медиумот не е само технички простор за туѓо мислење, туку активен учесник во јавната комуникација.“

 

Автор: Тамара Чаусидис


[1] Louis Alvin Day, Ethics in Media Communications: Cases and Controversies, 4th ed., Wadsworth Publishing, 2006.

[2] Колумната во современата медиумска теорија често се разгледува како жанр што ги поместува и ги преиспитува традиционалните жанровски конвенции. Види: Dobrivoje Stanojević и Lidija Mirkov, „Genološka medijska alternativa – kolumna kao protivžanr“, Communication and Media, XVII(2), 2022.


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор