[Aggregator] Downloaded image for imported item #51270

Индекс на активна транспарентност 2026 година

Денес, 28 септември 2026 година, по повод Меѓународниот ден на универзалниот пристап до информации, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

  • Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %.
  • Активната транспарентност само на министерствата и на Владата изнесува 86 % што е подобрување за два процентни поена во однос на ланските 84 %. Со ова, Владата и министерствата се вратија на нивото на активна транспарентност од 2023 и 2024 година.
  • И општините го подобрија нивото на активна транспарентност во однос на лани за два процентни поена и сега имаат 81 %, наместо ланските 79 %.
  • Наспроти просечното подобрување, дури 41 % од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност во 2026 година.
  • По пет години водство, Министерството за одбрана веќе не е првата позиција, на која годинава се искачи Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, кое е единствено министерство со максимални 100 % активна транспарентност.
  • Кај општините, четири општини се на водечкото место со 100 % активна транспарентност: Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип, додека ниедна од општините што лани беа лидери не ја задржа својата позиција.
  • Меѓу регионите, четврта година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион со дури подобрена активна транспарентност од лани (91 % наспроти 88 % лани).
  • На последно место, со најниска активна транспарентност од сите рангирани институции, и годинава се наоѓа Општина Лозово (со 36,9 % од можни 100 %).
  • Најмалку информации, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 71 %, а општините 64 % од можни 100 %).
  • Во однос на одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање, 32 % го доставија одговорот по истекот на законскиот рок или воопшто не одговорија на барањето.

Повеќе за индексот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК

Продолжи со читање

  • Едукативни работилници: Правата имаат вредност тогаш кога знаеме како да ги оствариме

    Информиран граѓанин е чекор поблиску до остварувањето на своите права. На 23 и 24 септември 2026 година одржавме две едукативни работилници посветени на правата на граѓаните и практичните административни процедури за нивно остварување. Работилниците беа насочени кон тоа учесниците да стекнат практични знаења и сигурност во постапувањето пред институциите. Преку конкретни примери и практични насоки,…

  • Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет

    Во Воспитно-поправниот дом Тетово – Волковија започна втората по ред учебна година согласно измените на Законот за основното образование. Особено нè радува што оваа година наставата започна со физичко присуство. Се надеваме дека овој почеток ќе прерасне во траен континуитет во остварувањето на правото на […]
    The post Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет appeared first on Myla.

  • Каква може да биде демократијата на Западен Балкан во 2040 година?

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави публикацијата „Imagining Democratic Futures: The Western Balkans in 2040“, која разгледува како би можела да се развива демократијата во земјите од Западен Балкан во следните петнаесет години. Публикацијата тргнува од оценката дека регионот и понатаму се соочува со слаби…

  • Методологија и водич за Democracy Tracker

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави третата верзија на публикацијата „Democracy Tracker Methodology and User Guide“, практичен водич што ја објаснува методологијата на Democracy Tracker – алатка за редовно следење на значајните случувања поврзани со демократијата во 173 земји. Democracy Tracker обезбедува месечни информации за…

  • Нова публикација на International IDEA: Глобалната состојба на демократијата 2026 – Демократија во време на конфликти

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) го објави новиот глобален извештај „Глобалната состојба на демократијата 2026: Демократија во време на конфликти“ (The Global State of Democracy 2026: Democracy in an Age of Conflict), кој ги анализира најновите трендови во развојот и назадувањето на демократијата во светот. Извештајот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор