[Aggregator] Downloaded image for imported item #51265

Едукативни работилници: Правата имаат вредност тогаш кога знаеме како да ги оствариме

Информиран граѓанин е чекор поблиску до остварувањето на своите права.


На 23 и 24 септември 2026 година одржавме две едукативни работилници посветени на правата на граѓаните и практичните административни процедури за нивно остварување.

Работилниците беа насочени кон тоа учесниците да стекнат практични знаења и сигурност во постапувањето пред институциите. Преку конкретни примери и практични насоки, учесниците имаа можност да се запознаат со чекорите што треба да ги преземат кога сакаат да остварат одредено право – од препознавање на правото и утврдување која институција е надлежна, до подготовка на потребната документација и поднесување барање.

Посебно внимание беше посветено на тоа што може да направи граѓанинот кога ќе се соочи со одбивање, негативен одговор, молчење на институцијата или административна пречка. Учесниците се запознаа со можностите за понатамошно постапување, поднесување приговори и користење на достапните механизми за заштита на своите права.

Целта на ваквите активности е граѓаните да не останат само со информација дека одредено право им припаѓа, туку да знаат како тоа право практично да го остварат.

Во секојдневниот живот, пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација, статусни права и други услуги често зависи од правилно поднесено барање, навремено доставена документација и познавање на административната постапка. Токму затоа, знаењето за институциите, процедурите и механизмите за заштита може да биде од особено значење за граѓаните, особено за оние кои се соочуваат со дополнителни бариери при пристапот до права и услуги.

📘 Практичниот водич за остварување на административни и статусни права врз основа на социјална, здравствена и лична документација е достапен за сите граѓани и може да послужи како корисна алатка при остварувањето на различни права пред надлежните институции.

👉 Водичот може да го преземете и прочитате на следниот линк:
Водич за остварување на права

Водичот содржи практични информации кои можат да им помогнат на граѓаните полесно да се снајдат во административните постапки, да ги препознаат своите права и да знаат каде и на кој начин да побараат нивно остварување.

Правото не е само она што е запишано во законите – правото има вистинска вредност тогаш кога граѓанинот знае дека му припаѓа, знае каде да го побара и има знаење и поддршка да го оствари.

СТАНИЦА ПЕТ продолжува да работи на правно информирање, едукација и поддршка на граѓаните, со цел полесен пристап до права, услуги и институции.


Активноста е дел од проектот „Правна поддршка и едукација за социјални права на ранливи граѓани во Пелагонискиот регион“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Институт за човекови права – ИЧП / Institute for Human Rights – IHR.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Индекс на активна транспарентност 2026 година

    Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %.

  • Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет

    Во Воспитно-поправниот дом Тетово – Волковија започна втората по ред учебна година согласно измените на Законот за основното образование. Особено нè радува што оваа година наставата започна со физичко присуство. Се надеваме дека овој почеток ќе прерасне во траен континуитет во остварувањето на правото на […]
    The post Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет appeared first on Myla.

  • Каква може да биде демократијата на Западен Балкан во 2040 година?

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави публикацијата „Imagining Democratic Futures: The Western Balkans in 2040“, која разгледува како би можела да се развива демократијата во земјите од Западен Балкан во следните петнаесет години. Публикацијата тргнува од оценката дека регионот и понатаму се соочува со слаби…

  • Методологија и водич за Democracy Tracker

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави третата верзија на публикацијата „Democracy Tracker Methodology and User Guide“, практичен водич што ја објаснува методологијата на Democracy Tracker – алатка за редовно следење на значајните случувања поврзани со демократијата во 173 земји. Democracy Tracker обезбедува месечни информации за…

  • Нова публикација на International IDEA: Глобалната состојба на демократијата 2026 – Демократија во време на конфликти

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) го објави новиот глобален извештај „Глобалната состојба на демократијата 2026: Демократија во време на конфликти“ (The Global State of Democracy 2026: Democracy in an Age of Conflict), кој ги анализира најновите трендови во развојот и назадувањето на демократијата во светот. Извештајот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор