1

Центар Жупа и Дебар: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

Центар Жупа, 29 септември 2026 – Во Центар Жупа се одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување.

Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово, во соработка со женскиот огранок „Радика“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

Во фокусот беа механизмите за граѓанско учество – јавните расправи, консултациите, форумите на заедниците и месните заедници – но и прашањето колку овие механизми навистина се достапни и функционални за жените од руралните средини.

Во воведниот дел, Фадрија Мустафовска, претседателка на здружението „Радика“, ги презентираше наодите од теренското истражување за економското јакнење на жените. Истражувањето опфатило 300 жени од шест локации и покажало дека економското јакнење е меѓу нивните најголеми приоритети, при што значаен дел од жените имаат потреба од дополнителни обуки, поддршка за развој на вештини и подобри можности за пласман на производите.

Во панел-дискусијата учествуваа Ерихана Фетов, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Општина Центар Жупа, како и Анита Маловска, Џумазија Камиловска и Наги Емро, претставнички на локални женски кружоци од руралните средини.

Токму искуствата на жените од терен покажаа дека граѓанското учество може да доведе до конкретни резултати. Како пример беше посочено решавањето на проблемот со питката вода во село Бродец/Будолец, како и иницијативите за уредување на училишни и јавни простори.

Во исто време, жените посочија и на предизвици кои сè уште чекаат решение – проблеми со собирањето отпад во Тикварци, административни и имотно-правни пречки за уредување на простор во Могорче, како и неактивноста на месната заедница во село Новак, преку која жените немаат редовен пристап до информации и можност за организирано учество.

Една од важните теми беше и начинот на комуникација со жените од руралните средини. Учесничките посочија дека за дел од жените, особено постарите, веб-страниците и електронските алатки не се доволно достапни. Како поефикасни канали беа издвоени директните средби, локалните групи на Viber и WhatsApp, како и физичките известувања во самите населени места.

Од страна на локалната самоуправа беше истакнато дека иницијативите и предлозите на граѓаните се разгледуваат во рамки на расположливите финансиски можности и се доставуваат до Советот на Општината кога е потребно нивно буџетирање и одобрување. Беше посочена и отвореноста на седниците на Советот за граѓаните.

Дискусијата покажа дека за поголемо и посуштинско учество на жените се потребни:

  • редовни теренски средби на локалната самоуправа со жените од руралните заедници;
  • навремено и достапно информирање за локалните процеси и можностите за учество;
  • активирање и зајакнување на месните заедници како канал за комуникација со граѓаните;
  • навремени повратни информации од институциите за поднесените иницијативи;
  • креирање на поприлагодени мерки за економско јакнење на жените и поддршка за пласман на нивните производи;
  • поголема соработка меѓу локалните институции, женските организации и локалните женски кружоци.

Дебатата покажа дека жените од руралните средини не само што ги препознаваат проблемите во своите заедници, туку се организираат, предлагаат решенија и веќе имаат примери на успешно застапување.

Следниот чекор е нивниот глас да биде дел од локалните процеси континуирано – од препознавањето на проблемот, преку предлагањето решение, до неговото спроведување.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово.

Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хуманитарното здружение „Мајка“ и партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор