Радовиш: Жените од руралните средини бараат поголемо учество во одлучувањето и институции поблиску до нивните потреби
Радовиш, октомври 2026 – Поголемо учество на жените од руралните средини во локалното одлучување, подобра информираност, достапни механизми за граѓанско учество и посилна соработка со институциите беа во фокусот на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Радовиш. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението „Женска акција“ […]










