1 1 1024x1024

Одржана јавна дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“: Жените од руралните средини бараат поголемо учество во локалното одлучување

Куманово, 12 мај 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

На настанот учествуваа претставнички од осум рурални и приградски заедници во општина Куманово, претставници на локалната самоуправа, советници, граѓански организации, образовни институции, медиуми и граѓани, овозможувајќи широк и инклузивен дијалог за женското учество во локалното одлучување.

„Кога зборуваме за развој на заедницата, не можеме да зборуваме за вистински напредок без активно учество на жените во процесот на одлучување.“- Ивана Цветковиќ Стојчева, програмска координаторка ХЗ „Мајка“.

Во панел-дискусијата како говорнички учествуваа Секретарот на Општина Куманово, координаторката за еднакви можности на жените и мажите при Општина Куманово, како и две претставнички на локални женски кружоци, кои ги споделија институционалните перспективи, искуствата од терен и конкретните предизвици со кои се соочуваат жените во нивните заедници.

„Жените не треба да бидат само консултирани, туку активно вклучени во процесите на донесување на одлуки.“-Емилија Сларидис Јаневска, Секретар на Општина Куманово.

Дебатата отвори значајни прашања поврзани со пристапот на жените до локалните процеси на одлучување, функционалноста на постојните механизми за граѓанско учество, потребата од поголема застапеност на жените во месните заедници, како и подобрување на комуникацијата меѓу институциите и жените од терен.

Дискусијата потврди дека жените од руралните заедници сè уште се соочуваат со ограничен пристап до локалните политики, недоволна информираност и недоволно систематско вклучување во процесите на планирање и носење одлуки.

Преку отворената дискусија беа идентификувани конкретни препораки за унапредување на локалното женско граѓанско учество, и тоа:

  • воспоставување поодржливи консултативни механизми, како што се редовни теренски посети од страна на ЕЛС во секоја заедница,
  • реизбор, повторно активирање и зајакнување на месните заедници како клучен канал за локално учество,
  • воведување разновидни алатки и механизми за граѓанско учество кои ќе одговараат на различните потреби на сите групи граѓани,
  • подобрување на протокот на информации и комуникацијата помеѓу ЕЛС и граѓаните, со цел поголема информираност, транспарентност и вклученост.

Настанот испрати силна порака дека жените од локалните заедници мора да бидат активни учеснички во креирањето на политиките што директно влијаат врз нивниот секојдневен живот.

,,Потребна е поголема транпарентност и подостапни информации, особено за жените од руралните средини и ранливите категории. Она што жените го посочуваат не се само женски прашања, туку потреби на целото население, гледани од перспектива на жените“- Емилија Јакимовска, н.Карпош.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хуманитарно здружение Мајка и партнерите, и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор