7

Јавна дебата во Делчево: Гласот на жените од руралните заедници во локалното одлучување

Делчево, 22 септември 2026 – Во Делчево се одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, посветена на механизмите за граѓанско учество и можностите за поголемо вклучување на жените од локалните и руралните заедници во процесите на локално одлучување.

Настанот го организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово, во соработка со Организација „ЖЕНА“ Делчево, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

Дебатата овозможи директен простор за разговор меѓу жените од заедниците и локалните институции. Учесничките зборуваа за прашањата што ги засегаат во секојдневниот живот, за можностите за нивно учество во локалните процеси, но и за пречките што го отежнуваат нивното активно вклучување.

Во воведниот дел, Бети Толевска, членка на Управниот одбор на Организација „ЖЕНА“ Делчево, ги презентираше наодите од теренот, кои дадоа основа за понатамошна дискусија за женското граѓанско учество и потребите на жените од локалните заедници.

Во панел-дискусијата учествуваа Сузана Петровска, координаторка на Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите при Општина Делчево, и жени од локалните заедници. Разговорот се насочи кон прашањето како да се подобри комуникацијата меѓу институциите и жените и како постојните механизми за граѓанско учество да станат подостапни и поефективни.

Жените од руралните средини ги споделија своите искуства и посочија дека за нивното поголемо учество е важно да имаат навремени информации, достапни канали за комуникација и реални можности нивните предлози да бидат земени предвид при креирањето на локалните приоритети.

Дискусијата отвори и прашања за улогата на Комисијата за еднакви можности и за потребата од посистематска комуникација и соработка со жените од руралните заедници. Истовремено, беше истакната важноста граѓанското учество да не се сведува само на информирање, туку да овозможи граѓаните да придонесуваат во дефинирањето на проблемите и предлагањето решенија.

Како важни насоки од дебатата се издвојуваат:

  • подобра и континуирана комуникација меѓу локалната самоуправа и жените од руралните заедници;
  • навремено информирање за локалните процеси и можностите за граѓанско учество;
  • создавање попристапни механизми преку кои жените можат да ги изнесат своите потреби и предлози;
  • поголемо вклучување на жените од руралните средини во локалното планирање и консултативните процеси;
  • зајакнување на соработката меѓу локалните институции, женските организации и самите жени од заедниците.

Дебатата во Делчево е дел од поширок процес на јавни дебати што се реализираат во повеќе локални заедници, со цел да се отвори простор за директен дијалог меѓу жените и локалните институции и да се идентификуваат можности за нивно посуштинско учество во локалното одлучување.

Искуствата од терен покажуваат дека жените имаат јасни потреби и предлози за развојот на своите заедници. Следниот чекор е да се создадат услови нивниот глас да биде слушнат навреме и да стане дел од процесите во кои се носат локалните одлуки.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово.

Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хуманитарното здружение „Мајка“ и партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • Индекс на активна транспарентност 2026 година

    Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %.

  • Едукативни работилници: Правата имаат вредност тогаш кога знаеме како да ги оствариме

    Информиран граѓанин е чекор поблиску до остварувањето на своите права. На 23 и 24 септември 2026 година одржавме две едукативни работилници посветени на правата на граѓаните и практичните административни процедури за нивно остварување. Работилниците беа насочени кон тоа учесниците да стекнат практични знаења и сигурност во постапувањето пред институциите. Преку конкретни примери и практични насоки,…

  • Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет

    Во Воспитно-поправниот дом Тетово – Волковија започна втората по ред учебна година согласно измените на Законот за основното образование. Особено нè радува што оваа година наставата започна со физичко присуство. Се надеваме дека овој почеток ќе прерасне во траен континуитет во остварувањето на правото на […]
    The post Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет appeared first on Myla.

  • Каква може да биде демократијата на Западен Балкан во 2040 година?

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави публикацијата „Imagining Democratic Futures: The Western Balkans in 2040“, која разгледува како би можела да се развива демократијата во земјите од Западен Балкан во следните петнаесет години. Публикацијата тргнува од оценката дека регионот и понатаму се соочува со слаби…

  • Методологија и водич за Democracy Tracker

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави третата верзија на публикацијата „Democracy Tracker Methodology and User Guide“, практичен водич што ја објаснува методологијата на Democracy Tracker – алатка за редовно следење на значајните случувања поврзани со демократијата во 173 земји. Democracy Tracker обезбедува месечни информации за…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор