2

Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица.

Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

Ленче Христова, претседателка на Организацијата на жени од Струмица, презентираше наоди од теренско истражување кои укажуваат на недоволна информираност на жените за можностите за учество во локалното одлучување, недостиг од повратни информации од институциите и влијание на традиционалните стереотипи врз нивното учество во јавниот живот.

Во дискусијата учествуваа претставнички на Општина Струмица, членки на женските кружоци од селата Сачево и Просениково, советнички, претставнички на граѓанскиот сектор, средношколки и млади активистки.

Жените од руралните средини ги истакнаа потребата од соодветни простории за средби, подобро улично осветлување, канализација и детски катчиња. Претставничката на женскиот кружок од Просениково информираше и за иницијатива доставена до Општината за поддршка на женското претприемништво, отворање центар за поддршка на деца и млади и уредување на јавните простори.

Како позитивни примери за влијанието на женските иницијативи беа посочени воведувањето општински автобуски превоз и отворањето детска градинка во Муртино. Истовремено, беше нагласена потребата од поголема застапеност на жените во месните заедници, редовни средби со жените од населените места и подобро информирање преку социјалните мрежи и директните комуникациски канали.

Дискусијата ја истакна и важноста од континуирана буџетска поддршка за родова еднаквост и економско јакнење на жените, како и навремено известување за статусот на поднесените иницијативи.

Дебатата потврди дека жените имаат конкретни предлози за подобрување на животот во своите заедници. За нивното учество да донесе вистински промени, потребни се достапни информации, институционална поддршка и вклучување на нивните приоритети во локалните политики и општинските буџети.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово.

Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хуманитарното здружение „Мајка“ и партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • Од отпад до нов производ: Циркуларната економија на дело во ООУ „Димо Хаџи Димов“!

    Вчера (27.10.2026), наставниците и учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ направија уште еден голем чекор кон позелена и поодржлива иднина, покажувајќи како органскиот отпад од домаќинствата може да се претвори во вредна суровина за уредување на училишниот двор.
    По успешното собирање и селектирање на био-отпад во јуни, како и септемвриската посета за проверка на процесот, вчера активностите се вратија во училишниот двор. Изминатиов период, по наша препорака, во училишната компостара беа искористени црви за да се забрза самиот процес на компостирање. Резултатот е добивање на готов, висококвалитетен природен хумус, кој веднаш беше искористен за прихрана на училишните грмушки и цвеќиња.
     
     Зошто е клучна селекцијата на органскиот отпад?
    Невнимателното фрлање на органскиот отпад создава сериозни последици за околината. Преку оваа иницијатива, директно придонесуваме кон неколку клучни цели:

    Заштита на животната средина: Обезбедуваме почиста почва, вода и воздух.
    Грижа за здравјето: Го намалуваме загадувањето кое директно влијае врз сите нас.
    Растеретување на депониите: Намалуваме огромни количини отпад кои инаку би завршиле на депонија.
    Циркуларна економија: Добиваме нов, корисен производ преку чист еколошки процес кој започнува директно од нашите домови.

     Голема благодарност до сите вклучени!

    Упатуваме огромна благодарност до Директорката, наставниците, вредните ученици, како и до сите совесни граѓани, родители и соседи кои активно се вклучија и станаа клучниот двигател на оваа позитивна промена. Наместо во ѓубре, заедно го претворивме отпадот во нов живот!
    Секој поединечен труд е чекор поблиску до поодржлива иднина за сите нас!

     
    Погледнете го процесот:
    Како учениците вредно го подготвуваа компостот можете да погледнете во следното видео, а во галеријата подолу погледнете ги фотографиите од неговото финално искористување во дворот.
     
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остврување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор