[Aggregator] Downloaded image for imported item #51419

Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува

ПОВИК
за нови членови на Управниот одбор

Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум (МОФ). Повикот се распишува поради истек на мандатот на моменталните членови на одборот.

Согласно член 23 од Статутот на МОФ, Мандатот на Управниот одбор трае две (2) години, со можност истите да бидат избрани неограничен број мандати.

Управниот одбор на МОФ претставува управен орган на Собранието на МОФ. Управниот одбор брои седум (7) членови. Мнозинството членови на Управниот одбор се избираат од редот на членовите на МОФ, кои биле активни во Здружението, најмалку една година пред изборот и кои ги исполнуваат критериумите за избор предвидени со Деловникот на управниот одбор. Член на Управниот одбор може да биде и надворешно лице.

За член на УО не може да биде избран Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор како и програмските и проектните координатори, кои се покануваат на седниците на Управниот одбор, со право да даваат предлози и да учествуваат во дискусиите по точките на дневен ред, но без право на глас.

Според член 24 од Статутот на МОФ, Управниот одбор може да:

  • Распишува конкурс за избор на Извршниот директор на Здружението, го избира од пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на Здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови ан УО и го разрешува;
  • Распишува конкурс, го избира и разрешува Административниот директор;
  • Распишува конкурс за Претседател на Здружението;
  • Распишува конкурс за избор на Програмскиот директор на Здружението и го избира од пријавените кандидати на конкурсот кои ги исполнуваат условите предвидени со актите на Здружението, со мнозинство од вкупниот број на членови ан УО и го разрешува;
  • Помеѓу две Собранија, одлучува за здружувањето и разделувањето од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
  • Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
  • Донесува и реализира годишна програма за својата работа;
  • Разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата на Собранието;
  • Разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката при аплицирање на проектни и други ангажмани;
  • Го разгледува Годишниот извештај за работата на МОФ и дава свое мислење пред да виде доставен до Собранието на МОФ на усвојување;
  • Предлага измени и дополнувања на Статутот;
  • Усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со МОФ, а по предлог на Извршниот директор, Претседателот, Програмскиот директор и програмските координатори на МОФ;
  • Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за работењето на Извршниот директор;
  • Донесува соодветни правилници;
  • Свикува седници на Собранието и подготвува материјали;
  • Распишува конкурси за избор и донесува одлука за избор на координатори на програми и центри на МОФ;
  • Одлучува по поплаки и жалби на вработените поврзани со работниот однос;
  • Донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
  • На секои шест месеци врши оценка и евалуација на работата на Извршниот директор, Претседателот, Административниот директор, Програмскиот директор, како и на програмските координатори;
  • Врши избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на МОФ, чија вредност е поголема од две илјади (2.000) евра во денарска противвредност, врз основа на три (3) понуди;
  • Ја следи транспарентноста и демократското функционирање на МОФ и
  • Врши други работи.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на info@mof.org.mk со назнака „Апликација за Управен одбор“ најдоцна до 25 октомври 2026 година до 23:59 часот.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk или на 078/421-567 .

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

    Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување. Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост. Преку интерактивни […]
    Read More… from Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост
    The post Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор