Повик

Повик за локални новинари и медиумски работници за учество на обука за локален инспекциски надзор

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го спроведуваат проектот „Локалните инспектори под лупа: Унапредување на законитоста и одговорноста на локалната инспекција“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот има за цел да придонесе кон унапредување на законитоста, отчетноста и интегритетот во работата на локалните инспекциски служби. Преку истражување на состојбите, надлежностите и ризиците од корупција во локалниот инспекциски надзор, проектот настојува да придонесе за поголема транспарентност и одговорност на институциите, како и за подобра информираност на граѓаните.

На 26 и 27 ноември 2026 година, на Велешко Езеро, организираме дводневна обука за новинари и медиумски работници од локалните медиуми.  На обуката, учесниците ќе се запознаат со функционирањето на локалниот инспекциски надзор и ќе добијат пристап до нови податоци што можат да им послужат како основа за истражување и подготовка на новинарски стории важни за локалните заедници.

На обуката, учесниците ќе можат:

  • Да се запознаат со правната рамка, надлежностите и функционирањето на локалните инспекциски служби;
  • Да добијат пристап до податоци за локалниот инспекциски надзор собрани од 78 општини, вклучително и информации за организацијата, капацитетите и работата на инспекциските служби;
  • Да развијат конкретни идеи за новинарски стории врз основа на достапните податоци, со фокус на прашања важни за локалните заедници.

По обуката, учесниците ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за подготовка и објавување на новинарски стории поврзани со локалниот инспекциски надзор. Бројот на стории што ќе добијат финансиска поддршка е ограничен, а изборот ќе се врши врз основа на квалитетот и релевантноста на доставените предлог-концепти. Избраните стории треба да се објават во текот на декември 2026 година.

Сите трошоци за учество на обуката, вклучително и сместување, превоз, храна и освежување, се покриени од организаторите.

Услови за пријавување

Право на учество имаат новинари и медиумски работници кои се професионално или волонтерски ангажирани во локални медиуми во Северна Македонија.

Во случај на поголем број пријавени кандидати од расположливите места, организаторите ќе ги изберат учесниците според географската застапеност, за да се опфатат што поголем број општини и локални заедници.

Од учесниците се очекува да присуствуваат на завршната проектна конференција која ќе се одржи во декември, а за која ќе бидат покриени патни трошоци од организаторот.

Пријавувањето се врши преку следниот линк, најдоцна до 16.11.2026:

За дополнителни информации и прашања можете да се обратите на gvasilev@idscs.org.mk.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

The post Повик за локални новинари и медиумски работници за учество на обука за локален инспекциски надзор appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Отворен повик за практикант во ИМКА

    Вклучи се Отворен повик за практикант во ИМКА преку WUS Заинтересиран/а си за медиуми, новинарство или комуникологија? Сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш своите вештини и да ги направиш првите професионални чекори во полето на комуникациите? ИМКА те поканува да се вклучиш како практикант/ка и да стекнеш практично искуство преку работа на реални проекти, креирање содржини и раскажување приказни за младите луѓе и активностите во заедницата. Практикантството се реализира во рамки на Career Transition Support Programme 2026, програма на World University Service (WUS) Germany, која им помага на студентите и неодамна дипломираните млади луѓе да го направат преминот од образование кон професионална кариера. Покрај практичното искуство, програмата нуди и: Месечен надоместок од 250 евра за период од 3 до 6 месеци; Менторство, кариерно советување и обуки за професионален развој; Можности за професионално поврзување и истражување на идни кариерни насоки.   Период на практикантство: 3 до 6 месеци Локација: ИМКА, ул. Крушево, бр. 5 (Младински центар Битола) Поле на работа: Медиуми и комуникации   Што ќе работиш?  – Подготовка и пишување текстови, статии и приказни за активностите и проектите на ИМКА;– Креирање содржини за веб-страницата и социјалните медиуми;– Фотографирање и видео-документирање на настани и активности;– Учество во подготовка на комуникациски материјали и промотивни содржини;– Следење на активностите на организацијата и претставување на приказните и искуствата на младите луѓе.   Кој може да аплицира? Повикот е наменет за студенти од државните универзитети во Македонија кои:– Се апсолвенти на студии по новинарство, комуникологија, медиуми или сродни студиски области;– Дипломирале во последните 12 месеци во една од овие области;– Се на магистерски студии во некоја од овие области;– Се мотивирани да стекнат практично искуство и да ги развиваат своите професионални вештини;– Имаат интерес за новинарство, медиуми, комуникации и раскажување приказни.   Испратете го вашето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО најдоцна до 30.11. За дополнителни информации за програмата и условите за учество, можете да се обратите и директно до WUS Germany на northmacedonia@wusgermany.de. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

  • Јавен повик за учество на креативен натпревар

    Општински креативен натпревар
    „Младите за ЕУ – ЕУ вредности низ наши очи“
    Младински Совет Прилеп (МСП), во рамки на проектот „Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција″ спроведуван со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), објавува отворен повик за учество во Oпштински креативен натпревар.

  • Јавен повик за експерт за документ за јавни политики за бучавата

    Центарот за правни истражувања и анализи објавува повик за ангажирање експерт кој ќе подготви документ за јавни политики за последиците од бучавата, правната и институционалната рамка во Северна Македонија и практиката на Европскиот суд за човекови права. Заинтересираните кандидати може да испратат биографија на contact@cpia.mk, со назнака „Документ за јавни политики за бучавата“, до 30.10.2026 во […]

  • JАВЕН ПОВИК За избор на локални граѓански организации – партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“

    The post JАВЕН ПОВИК За избор на локални граѓански организации – партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“ appeared first on IDSCS.

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор