Author: Здружение на граѓани „Младински образовен форум Скопје“.

МОФ е младинска заедница која ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите.
  • ЗАЕДНИЧКО КОМИНИКЕ – Од истражување до дејствување: Регионален повик за институционален одговор

    Ние, Младинскиот образовен форум (МОФ), Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) и Иницијативата на младите за човекови права (YIHR), врз основа на наодите и препораките развиени од младите истражувачи и истражувачки од Македонија, Албанија и Србија во рамки на Регионалната програма за младинско лидерство и мобилност (RYLMP) 2025–2026, го упатуваме овој заеднички повик […]
    The post ЗАЕДНИЧКО КОМИНИКЕ – Од истражување до дејствување: Регионален повик за институционален одговор appeared first on МОФ.

  • Седум младински истражувања за јавни политики во Западен Балкан

    Како да се подобрат можностите за младите, да се зајакне регионалната соработка и да се одговори на предизвиците со кои се соочуваат општествата на Западен Балкан? Одговори на овие прашања нудат седум истражувања и предлози за јавни политики, изработени од млади истражувачи и истражувачки од Македонија, Србија и Албанија во рамки на Регионалната програма за […]
    The post Седум младински истражувања за јавни политики во Западен Балкан appeared first on МОФ.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Организиран Тренинг за тренери во дебатните клубови на МОФ

    Во периодот од 25 до 27 септември 2026 година, во Скопје, Младински образовен форум организираше Тренинг за тренери. Обуката беше наменета за подготовка и зајакнување на капацитетите на предавачите и наставниците кои ќе бидат вклучени во спроведувањето на Дебатната програма на МОФ во учебната 2026/2027 година. Програмата на обуката опфати теоретски и практични сесии посветени […]
    The post Организиран Тренинг за тренери во дебатните клубови на МОФ appeared first on МОФ.

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

  • Претставници на МОФ учествуваа во размена на искуства за дебатно образование во Хрватска

    Претставници на Младински образовен форум учествуваа во активност за учење преку набљудување и практична работа (job shadowing) во Ораховица, Хрватска, организирана од Хрватското дебатно друштво за време на Летната школа за демократија. Активноста се одржа во рамките на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, заедно со партнерската организација Џуниор Ачивмент Албанија. Учесниците […]
    The post Претставници на МОФ учествуваа во размена на искуства за дебатно образование во Хрватска appeared first on МОФ.

  • Нов прирачник за основање, управување и одржливост на дебатни клубови

    Во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, објавен е нов прирачник наменет за наставници, младински работници, волонтери и сите што сакаат да основаат дебатен клуб или да ја унапредат неговата работа. Прирачникот е еден од главните образовни резултати на проектот, кој го спроведуваат Хрватското дебатно друштво (HDD), Џуниор Ачивмент Албанија […]
    The post Нов прирачник за основање, управување и одржливост на дебатни клубови appeared first on МОФ.

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

  • Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година

    Младински образовен форум отвора повик за младински тренери во клубовите за Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство, кои се реализираат во рамки на Програмата за неформално образование на МОФ. Ако си ентузијаст/ка, сакаш да работиш со млади луѓе и да придонесеш кон нивниот личен, образовен и општествен развој – ова е одлична можност за тебе! […]
    The post Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година appeared first on МОФ.

  • 27 години МОФ

    27 години млади луѓе кои прашуваат, дебатираат, учат, создаваат, се организираат и го менуваат општеството околу себе. Од 1999 година до денес, МОФ растеше заедно со генерации средношколци, студенти, дебатери, активисти, млади новинари, истражувачи, едукатори и волонтери. Секоја генерација МОФ-овци остави свој белег, а заедно изградивме простор во кој младите не се гледаат  само како […]
    The post 27 години МОФ appeared first on МОФ.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор