Претставници на МОФ учествуваа во размена на искуства за дебатно образование во Хрватска
Претставници на Младински образовен форум учествуваа во активност за учење преку набљудување и практична работа (job shadowing) во Ораховица, Хрватска, организирана од Хрватското дебатно друштво за време на Летната школа за демократија. Активноста се одржа во рамките на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, заедно со партнерската организација Џуниор Ачивмент Албанија.

Учесниците се запознаа со подготовката и спроведувањето на поголем образовен настан за млади: координацијата на учесниците, логистиката, водењето работилници и примената на дебатните методи во неформалното образование.
Важен дел од програмата беше учењето преку практична работа. Претставниците на партнерските организации подготвија и одржаа шест работилници за младите, посветени на дебатата во секојдневието, аргументирањето, оценувањето дебати и разгледувањето различни перспективи преку интерактивни игри.

По работилниците, учесниците разменија повратни информации и разговараа како применетите методи може да се приспособат за младинските програми во Северна Македонија и Албанија. Активноста придонесе за размена на добри практики и за јакнење на образовните и организациските капацитети на партнерите.
Проектот DEAL го спроведуваат Хрватското дебатно друштво (ХДД) во партнерство со Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум (МОФ), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.
The post Претставници на МОФ учествуваа во размена на искуства за дебатно образование во Хрватска appeared first on МОФ.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51141](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/20260901_154708-800x451-1.webp)



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52833](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/6176-768x576.webp)

