[Aggregator] Downloaded image for imported item #51031

Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“.

Во текот на дводневната програма, делегацијата оствари средби со претставници на Шведската агенција за психолошка одбрана, организацијата International IDEA, Шведскиот институт, Министерството за надворешни работи на Шведска и шведскиот Парламент (Риксдаг). Средбите понудија значаен увид во институционалниот и општествениот пристап на Шведска кон заштитата на демократските процеси и справувањето со дезинформациите.

Учесниците се запознаа со шведскиот систем на цивилна одбрана и механизмите за препознавање и одговор на злонамерни информативни влијанија, вклучително и активностите за зајакнување на соработката меѓу државните институции, граѓанскиот сектор, истражувачите и медиумите. Дискусиите беа насочени и кон заштитата на изборниот интегритет, справувањето со странски манипулации со информации, како и кон јакнењето на отпорноста на јавноста кон погрешни информации и дезинформации.

814498224 2111266439467048 1212041785366966791 n

Учесниците се запознаа со успешни шведски практики во областа на стратешките комуникации, јавната дипломатија, медиумската и информациска  писменост, како и со иновативни образовни пристапи. Средбите со претставниците на Министерството за надворешни работи и на шведскиот Парламент ја истакнаа важноста од силни демократски институции, транспарентност и меѓународна соработка во справувањето со информативните закани и заштитата на демократските вредности. Дополнително, дискусиите со организацијата International IDEA ја нагласија сè поголемата важност од заштита на изборните процеси од манипулации и надворешни влијанија.

Студиската посета претставуваше и важна платформа за вмрежување и воспоставување партнерства меѓу медиумски професионалци, проверувачи на факти, истражувачи и претставници на институции. Учесниците оценија дека размената на знаења и искуства со шведските експерти обезбеди практични поуки и инспирација што може да придонесат за понатамошно зајакнување на напорите за справување со дезинформациите во Северна Македонија.

Сознанијата стекнати за време на посетата ќе придонесат кон тековните активности за унапредување на професионалното новинарство, поттикнување јавен дискурс заснован на факти и јакнење на отпорноста кон дезинформациите.

Студиската посета уште еднаш ја потврди важноста на меѓународната соработка и размената на знаења во справувањето со заедничките предизвици и во градењето поинформирано, подемократско и поотпорно општество.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Програми за обука и прирачници за Повелбата на ЕУ и постапките пред Судот на правдата на ЕУ

    Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка на Западен Балкан за ефективно водење постапки пред Судот на правдата на Европската Унија и примена на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права“, поддржан од Кралството Холандија, развиени се две програми за обука и прирачници посветени на клучни аспекти од примената на правото на Европската […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор